Свет
Еден починат и најмалку 150 заразени од норовирусот
Околу 800 патници и членови на персоналот од туристички брод од класата крузер се под карантин, откако е потврдено дека еден патник починал, а околу двестотини се заразени со норовирусот. Бродот е вкотвен во шкотското пристаниште Инвергордон
Двестотини патници од луксузниот брод „Марко Поло“, што е една третина од вкупниот број патници, биле заразени со опасниот вирус. Според британските медиуми, починатиот е 74-годишен турист, чиј идентитет не се соопштува, туку само дека е од околината на англискиот град Норвич. Инфицираните имаат висока температура, проливи, грчеви во желудникот и повраќаат. Овој вирус има симптоми на грип на цревата и е чест на ваквите поморски патувања, како и во авионите кои сообраќаат на прекуокеански летови. Тој се пренесува лесно преку храна, вода, преку употреба на лошо измиени чаши, преку кваки, крпи или од човек на човек.Оваа инфекција понекогаш знае да биде и смртоносна. Посебно е опасна за децата и постарите хронични болни, затоа што се манифестира со големи и чести повраќања и проливи, па настанува дехидрација. Болеста многу брзо се шири, па голем проблем е кога ќе се јави на отворено море. Според лекарите, заразата знае за кусо време да опфати дури 70 отсто од патниците и персоналот на некој брод. На овие бродови се случуваат најмалку петнаесетина цревни епидемии, забележале центрите за поморска медицина. Тоа е билансот од 2008 г., во 2007 г. биле регистрирани 21 епидемија, а во 2006 г. дури 34. За првата половина од 2009 г. забележени се десет епидемии на туристичките бродови кои крстосуваат по светските мориња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

