Контакт

Свет

CIA криела тајна програма од Конгресот

Објавено пред

Првиот човек на Ценралната разузнавачка агенција, Панета, открил дека веќе осум години од Конгресот се сокрива крие тајна програма

dobivaj vesti na viber

Лион Панета, кој на функцијата беше именуван во февруари годинава,  кон крајот на јуни бил информиран за програмата што Агенцијата ја започнала во 2001 г., а со која одборот за контрола врз работата на тајните служби на американскиот Конгрес никогаш не бил информиран.Панета веднаш го забранил продолжувањето на програмата и закажал состаноци со претставници на одбори на Сенатот и Претставничкиот дом на Конгресот. Во американските медиуми нема информации за природата на програмата, бидејќи таа се’ уште била водена под ознаката за строго доверливо. Конгресмени изјавиле дека програмата е покрената по терористичките напади од 11 септември 2001 г. и највероајатно била криена од Конгресот, затоа што предвидува методи на дејствување кои сигурно не би биле одобрени. Меѓутоа, високи функционери на Агенцијата изјавил дека оваа програма не се однесува на техники за испрашување осомничени терористи. Она што успеало да допре до медиумите е дека со мистериозната програма се предвидувало подигнување на одредени способности а вклучувала и извесно планирање и обука. Исто така, се споменува дека оваа програма неколкупати активирана и деактивирана и дека се однесувала на прибирање информации за осомничени за тероризам.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 домови без струја, откажани десетици летови

Објавено пред

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните авиокомпании да откажат десетици летови.

dobivaj vesti na viber

„Квантас ервејс“ и „Вирџин Австралија“, двете најголеми авиокомпании во Австралија, откажаа најмалку 55 домашни летови, според податоците од веб-страницата на аеродромот. Некои меѓународни летови исто така се одложени. Железничките услуги во Сиднеј исто така се прекинати, а властите ги повикаа луѓето да избегнуваат непотребни патувања.

Крајбрежен систем со низок притисок, опишан од метеоролозите како циклонска бомба, го погоди југоисточниот брег на Австралија преку ноќ со ветрови со брзина од над 100 км/ч, корнејќи дрвја и оштетувајќи далноводи. Некои региони добија дожд колку еден месец за само шест часа. Овие временски феномени се формираат многу брзо и предизвикуваат ненадеен пад на притисокот за краток временски период.

Според податоците за прекини, повеќе од 35.000 домови во Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, останаа без електрична енергија по бурата, според податоците за прекини. Неколку патишта во регионот Илавара, јужно од Сиднеј, беа затворени поради поплави и паднати дрвја.

Наредби за евакуација беа издадени во регионот на Централниот брег поради крајбрежна ерозија, а беа во сила и предупредувања за силни ветрови и можни ненадејни поплави. Се очекува условите да се влошат во текот на денот пред системот да се движи над Тасманското Море и кон Нов Зеланд утре.

Прикажи повеќе...

Свет

Америка ги запира клучните испораки на оружје за Украина

Објавено пред

САД ги суспендираа некои испораки на оружје за Украина, потврди канцеларијата на американскиот претседател. Во исто време, Русија ги засилува нападите врз Украина.

dobivaj vesti na viber

Одлуката е донесена „за да се заштитат интересите на САД“, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, повикувајќи се на ревизија од страна на Министерството за одбрана на САД за „воена поддршка и помош на други земји“.

Вашингтон испратил десетици милијарди евра воена помош на Украина од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, но некои членови на администрацијата на Трамп изразија загриженост дека американските залихи се намалуваат.

Украинската влада сè уште не го коментираше соопштението. Американските претставници не прецизираа веднаш кои испораки се суспендирани. Според Ројтерс, засегнатите испораки вклучуваат ракети за воздушна одбрана и прецизна муниција.

„Министерството за одбрана продолжува да му нуди на претседателот силни опции за континуирана воена помош за Украина“, рече Елбриџ Колби, помошник-министер за одбрана на САД за политика.

Во исто време, додаде Колби, „Министерството темелно го разгледува и прилагодува својот пристап кон постигнување на оваа цел, земајќи ја предвид подготвеноста на американските сили за одбранбените приоритети поставени од администрацијата“.

Американски функционер рече дека одлуката е донесена поради загриженоста дека американските воени залихи би можеле да паднат премногу ниско, објави партнер на Си-би-ес Њуз.

„Силата на вооружените сили на Соединетите Американски Држави не е доведена во прашање – само прашајте го Иран“, додаде Кели, осврнувајќи се на американските напади врз три ирански нуклеарни објекти минатиот месец.

Одлуката доаѓа кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со својот украински колега Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Холандија минатата недела.

Во таа прилика, Трамп, кога беше прашан од Би-би-си за испораката на дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина, рече дека американските претставници „ќе проверат дали некои од нив можат да бидат достапни“. Зборувајќи за разговорот со Зеленски, Трамп рече: „Понекогаш беше напнато, но тој беше многу љубезен“.

Двајцата имаа жестока размена на мислења во Овалната соба во март оваа година. После тоа, Трамп објави дека ја паузира воената помош за Украина, која претходно беше одобрена од администрацијата на Бајден. Споделувањето разузнавачки информации со Украина беше исто така суспендирано.

Двете суспензии подоцна беа укинати.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.

dobivaj vesti na viber

„Моите претставници денес имаа долг и конструктивен состанок со Израелците за Газа. Израел се согласи со потребните услови за постигнување 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп на социјалните мрежи.

„Катарците и Египќаните, кои работеа многу напорно за да постигнат мир, ќе го достават овој последен предлог. Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати оваа понуда бидејќи нема да се подобри – САМО ЌЕ се влоши“, заклучи американскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 домови без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет30 минути

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа40 минути

(Видео) Бомбардер Су-34 се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ15 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија17 часа

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија18 часа

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ21 час

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија23 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет23 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет23 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет1 ден

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет1 ден

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија1 ден

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија2 дена

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија2 дена

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија2 дена

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија2 дена

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...