Свет
Во нападите во Џакарта седуммина од загинатие се странци
Од осумтемина загинати во вчерашните експлозиии во двата луксузни хотели во Џакарта седум се странски државјани, изјавил претставник на индонезиската полиција
При нападот врз хотелите „Риц-Карлтон“ и „Мериот“ посетувани од бизнисмени и дипломати, повредени се повеќе од 60 луѓе, од кои најголем број се Австралијанци, пренесуваат новинските агенции.Последните четири години беа релативно мирни во Индинезија, која до 2005 година беше мета на бројни бомбашки напади за кои најчесто одговорноста ја преземаше групата Џема исламија.Во нападите врз два ноќни клубови на Бали во октомври 2002 година загинаа 202 луѓе.Во главниот град на Индонезија, Џакарта, утрината експлодираше бомба пред хотелот „Мериот“. Неколку минути подоцна се случи втора експлозија во внатрешноста на хотелот „Риц Карлтон“. Од силината не експлозијата разнесена е целата фасада на хотелот. Повеќето жртви се од овој хотел, бидејќи бомбата експлодирала на вториот кат пред ресторанот. Двата луксузни хотели ги посетуваат странски бизнисмени. Еден од гостите на хотелот „Риц Карлтон“ на телевизија раскажуваше за тоа што преживеал:„Се’ уште сум збунет. Туку што се разбудив кога експлодираше првата бомба во хотелот ’Мериот’. Многу луѓе викаа, трчаа наоколу. Неколку минути подоцна експлодираше и бомбата во нашиот хотел. Целата зграда се тресеше и беше полна со чад. Колку што можев побрзо, истрчав надвор, каде владееше хаос, луѓе во крв.“Загинал и атентаторотНападите ги извршил најмалку еден атентатор самоубиец, рече портпарол на индонезиската парламентарна комисија за внатрешна безбедност во Џакарта. Според него, еден од деветмината загинати е атентаторот. Голем број луѓе се повредени, некои од нив тешко. Меѓу загинатите и повредените има и повеќе странци, но се’ уште не е позната нивната националност.Засега не е познато како експлозивите биле внесени во хотелите. Луксузните хотели во Џакарта имаат воведено строги безбедносни мерки, рече Паул Бич, од индонезискиот хотелиерски сојуз: „Безбедносните мерки, пред се’ во хотелот ’Мериот’, се сметаат за највисоки во целата земја. По нападите во овој хотел во 2003 година беа инсталирани детектори за метал, ѕидови за заштита од екслозија и многу други мерки. Автомобилите воопшто не смеат да возат до влезот. Овој хотел се смета за најсигурен во цела Џакарта.“Кој се крие зад нападите?Одговорноста за нападот засега никој не ја презел. Експертите за борба против тероризмот сметаат дека зад нападите се крие терористичката организација „Џама Исламија“, која уште во 2003 година го изведе нападот врз хотелот „Мериот“. По експлозиите во хотелите во Џакарта, Австралија ги заостри предупредувањата за патување во Индонезија. Министерството за надворешни работи им советува на своите државјани, доколку е можно да ги одложат патувањата во Иднонезија.Претседателот на Индонезија Сусило Бангбанг Јудхојоно ги осудил нападите врз двата луксузни хотела во Џакарта, нарекувајќи ги „страшни и нечовечни “. Премиерот на Австралија Кевин Руд пак истакнал дека ова е варварски чин против човештвото. Американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон истакна дека нападите претставуваат „ бесмислен чин на насилство.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Судот во Нови Сад ја прекина постапката против Горан Весиќ и уште двајца обвинети за падот на настрешницата
Вонстепениот совет на Вишиот суд во Нови Сад ја прекина кривичната постапка против поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, неговата поранешна помошничка Анита Димоски и поранешната директорка на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, во случајот со падот на настрешницата на железничката станица.
Тие беа обвинети за тешко кривично дело предизвикување општа опасност.
Во своето образложение, судот наведе дека нема доволно докази за да се поткрепи основано сомнение дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се сметаат за одговорни.
Со одлуката на судот им е укината мерката за домашен притвор на Танасковиќ, Спремиќ, Гавриловиќ и Тодоровиќ. Со наредба на Врховниот суд на Србија во Белград, Анита Димоски и Горан Весиќ остануваат во домашен притвор.
Паралелно, судот во Нови Сад ги потврди обвиненијата против седум други обвинети во случајот со трагедијата на железничката станица.
На 1 ноември минатата година, 16 лица загинаа, а едно лице беше тешко повредено при падот на бетонската настрешница на неодамна реновираната зграда на станицата. Инцидентот предизвика масовни протести во Србија , предводени главно од студенти, кои бараа оставка на владата и закажување предвремени парламентарни избори.
Агенцијата Франс Прес прецизира дека одлуката на судот во Нови Сад не е конечна, а обвинителството веќе ја објави својата намера да поднесе жалба.
Свет
Франција започнува изградба на најголемиот европски воен брод
Франција започнува изградба на нов носач на авиони со нуклеарен погон, проект вреден околу 10 милијарди евра, кој треба да го замени постојниот носач Шарл де Гол, пуштен во употреба во 2001 година. Новиот брод, познат како PA-NG (Porte-Avions Nouvelle Génération), ќе биде значително поголем и помоќен и ќе стане најголемиот воен брод некогаш изграден во Европа.
PA-NG ќе биде долг околу 310 метри, со депласман од 78.000 тони и капацитет за околу 2.000 членови на екипажот. Франција, која заедно со САД е единствената земја што користи нуклеарен погон за носачи на авиони, со овој проект покажува дека и понатаму смета на овие пловечки платформи како клучен елемент на воената моќ.
Проектот е дел од поширок глобален тренд, при што повеќе држави инвестираат во нови носачи на авиони. САД ја модернизираат својата флота, Кина и Индија развиваат нови проекти, а Турција најави изградба на сопствен носач на авиони.
Depositphotos
Свет
Алжир ја прогласи француската колонизација за злосторство, бара извинување и репарации
Алжирскиот парламент едногласно усвои закон со кој француската колонизација на земјата се прогласува за злосторство, барајќи од Франција официјално извинување и репарации. Одлуката е донесена во услови на дипломатска криза меѓу двете земји и има силен политички и симболичен карактер.
Во законот се наведува дека Франција сноси правна одговорност за своето колонијално минато во Алжир и за трагедиите што ги предизвикала, вклучително и нуклеарни тестови, вонсудски убиства, физичко и психолошко мачење и систематско ограбување на ресурсите.
Претседателот на парламентот, Ибрахим Бугали, изјави дека гласањето испраќа јасна порака дека алжирската национална меморија не може да биде избришана или предмет на преговори.
Француската колонијална власт во Алжир траела од 1830 до 1962 година и кулминирала со војната за независност од 1954 до 1962 година. Според алжирските податоци, во војната загинале 1,5 милиони луѓе, додека француски историчари проценуваат околу 500.000 жртви, од кои 400.000 Алжирци.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно ја нарече колонизацијата „злосторство против човештвото“, но без официјално извинување. Француското Министерство за надворешни работи одби да го коментира гласањето, наведувајќи дека станува збор за внатрешна политичка расправа во Алжир.
Историчарот Хосни Китоуни оцени дека законот нема меѓународен правен ефект и не е обврзувачки за Франција, но дека неговото политичко и симболично значење е големо.
depositphotos

