Свет
Почина најстариот човек – ветеран од Првата светска војна
Најстариот човек на светот Хенри Алингем и еден од последните учесници во Првата светска војна, почина во 113-та година во дом за стари лица во близината на Брајтон
Алингем беше еден од двајцата последни војници од Првата светска војна во Британија. Другиот е Хари Печ. Во Франција нема живи учесници од Првата светска војна, додека во САД живее само еден – Френк Вудруф Баклс од Западна Вирџинија. Лани почина последниот германски војник од Војната, по него замина и единствениот Италијанец.
За четири децении тој ги закопа своите сеќавања од војната избегнувајќи ги собирите на ветераните и одбиваше да разговара за настаните од војната со семејството. Но, во 2005 го убедија да го отвори меморијалот на РАФ во Франција. Алингем тогаш рече дека одбивањето би било непочитување кон неговите соборци.Алингем се борел од почетокот до крајот на Војната. Доброволно се приклучил на британската војска во 1914 и работел како механичар во британската кралска воздухопловна морнарица. Во 1916 година учествувал во поморската битка кај Јитланд, а следната година во битката за Сома.Својата долговечност своевремено ја припишуваше на „цигарите, вискито и дивите, диви жени“. Алингем имаше пет внуци, 12 правнуци, 14 праправнуци и еден пра-пра правнук.Британскиот премиер Гордон Браун му оддаде почит на воениот херој нарекувајки го „извонреден карактер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.