Свет
Убиен синот на Осама Бин Ладен
Американски воени извори веруваат дека Саад Бин Ладен, е убиен со американски проектил во Пакистан, уште на почетокот од годинава, јави утринава државното радио NPR
Според известувањата поранешниот американски национален директор за разузнавање Мајк Меконели, Саад Бин Ладен пристигнал во Пакистан откако минал цела година во домашен притвор во Иран, но се претпоставува дека и таму работел за Ал Каеда. Се верува дека Саад бил убиен со проектил од типот „хелфајер“ истрелан од беспилотно летало „Предатор“ кон почетокот на оваа година. Висок претставник од антитерористичката единица изјавил за радиото дека сепак без телото на кое би се извршиле ДНК тестови, тешко може да се биде целосно сигурен во ваквите информации. Но тој додал дека американските разузнавачки служби, како што прецизирал, се 80 до 85 отсто сигурни дека Саад Бин Ладен е мртов. Од она што досега е познато за овој син на Осама Бин Ладен, водачот на најголемата и најорганизирана терористичка мрежа Ал Каеда, Саад бил на возраст под 30 години и е трет по старост од двасетината синови на Осама. Тој не бил особено важна цел која требало да се брка посебно, но дека е од неговото загинување од пропагандни и стратегиски причини е направена големa приказна.Во оваа акција не учествувале пакистанските служби, туку ја предводела Централната разузнавачка управа, којашто раководи и со американските воени операции на Африканскиот рог, Блискиот Исток и Централна Азија. . Симптоматично е што во еден ден во јануари годинава, американското министерство за финансии ги замрзува средствата на Саад Бин Ладен и уште три други компании за кои има сомневања дека се поврзани со активности на келии на Ал Каеда. Според разузнавачките информации, Саад бил дел од една помала мрежа на келии на Ал Каеда кои го помагале управувањето со организацијата од страна на Иран, кае тој бил задржан во 2003 г. Се тврди и дека тој и спомнатите келии ја вопсотсавиел тесната комуникација и соработка меѓу вторито човек на Ал Каеда, Египќанецот Ајман Ал Завахири и Кудс, елитните единици на Иранската револуционерна гарда, пред нападот врз америакнската амбасада во Јемен во 2008 г. Непознато е дали Саад во времето на неговото загинување бил блиску до локацијата на која се криел неговиот татко Осама Бин Ладен, за која се претпоставува дека е некаде во племенскиот планински појас долж границата меѓу Пакистан и Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

