Свет
Четворица мртви по пад на хеликоптер на автопат
Тројца вработени од фирма за обука за летање и еден патник загинале кога нивниот хеликоптер паднал на автопат кај Фредерик, на азапад од американската сојузна држава Мериленд
Хеликоптрот на компанијата Advanced Helicopter Concepts, се запалил по ударот од асфалтот, при што загинале сите патници во неговиот кокпит.За среча, при падот хеликоптерот не паднал врз ниедно од возилата што се движеле по многу прометниот автопат Interstate 70.Оваа фирма покрај обуката за пилоти за хеликоптери и авиони, ораганизира и снимања од воздух за фотографи и фоторепортери, а ги продава и серисира хеликоптерите Robinson R-22 и R-44.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Еден убиен, петмина повредени во пукање во Охајо, напаѓачот е во бегство
Вооружен напаѓач уби едно лице и рани пет во вторникот во зградата на магацин во Њу Албани, соопштија градските власти.
Напаѓачот е идентификуван и полицијата „работи на фаќање на осомничениот“, се вели во соопштението на градската управа на Њу Албани. Сите вработени се евакуирани од магацинот, се додава.
BREAKING: “Active shooter situation at KDC/One” – New Albany PD
Police say there are multiple victims and several people transported to the hospital.
The suspect or suspects are unknown at this time, according to police. They’re asking people to stay away from the area. pic.twitter.com/WxMwSULp8r
— Isabelle Hanson (@IsabelleWSYX6) February 5, 2025
Инцидентот се чини дека е „насочен тип на напад“, изјави началникот на полицијата во Њу Албани, Грег Џонс, за „Ен-би-си 4“, без да даде детали.
Тој додаде дека пред пукањето немало расправија, а не се соопштува ниту мотив.
На местото на настанот е пронајдено огнено оружје, се вели во извештајот.
Петмина повредени се пренесени во болница.
Свет
(Фото) 70% од Газа е уништена
Газа претрпе огромно уништување во текот на 15-те месеци војна.
Повеќе од 46.000 Палестинци се убиени, според Министерството за здравство на Хамас, а голем дел од инфраструктурата е целосно срамнет со земја во израелските воздушни напади.
Сателитскиот центар на Обединетите нации (UNOSAT) објави дека 70% од сите згради во Газа се уништени или оштетени, а 68% од патната мрежа во појасот е оштетена или уништена.
Податоците од здравствениот систем покажуваат дека половина од болниците во Газа се затворени, додека останатите се само делумно функционални – што значи дека многу од оние кои се уште се отворени немаат капацитет да лекуваат хронични болести и сериозни повреди.
Свет
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека САД заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори за оружје.
Зеленски истакна дека американските компании оствариле големи приходи, вклучително и преку лиценцирање, благодарение на огромната побарувачка за оружје и опрема, објави УНИАН.
„Американските компании заработија милиони дури и од лиценци, бидејќи имаат канцеларии во Европа. Значи, тоа се милијарди приходи. И верувам дека војната го донесе тоа“, рече Зеленски во интервјуто за британскиот новинар Пирс Морган.
Тој, исто така, истакна дека САД стекнале вредно борбено искуство во војната, бидејќи во Украина се користело американско оружје, пренесува Танјуг.
Украина има развиено нови технологии, како што се беспилотните летала кои цели на руски воени цели.
Зеленски нагласи дека придонесот на САД во одбранбените капацитети на Украина достигнува 30 отсто, истакнувајќи дека без оваа помош Украина би можела да загуби дел од своите територии, пренесе Укринформ.
Тој зборуваше и за напорите на Украина да го зголеми домашното производство на оружје, кое сега сочинува 40 отсто од вкупното оружје на фронтот, пренесува Танјуг.