Контакт

Свет

Застрелан босот на руската мафија

Објавено пред

Познатиот Јапончик допатувал во Москва од странство за да посредува во измирувањето на два мафијашки клана. Според медиумите, тој е во критична состојба

dobivaj vesti na viber

Вјачеслав Иванков Јапончик, кој стане ден од митовите на руската мафија, бил тешко ранет. Нападот врз него бил извршен во вторникот доцна навечер и во класичен мафијашки стил пред ресторан во центарот на Москва.Според московските медиуми, „кумот“ одненадеж, од странство допатувал во Москва пред неколку дена, за да посредува меѓу два московски клана кои водат војна за контрола на коскарскито бизнис во Русија.Полициските извори изјавиле дека обидот за ликвидиација на Јапончик најверојатно е дело на инаа група која не била задоволна од исходот на преговорите.Тој бил однесен во најпрестижната московска приватна клиника „Боткин“, каде лекарите се борат за неговиот живот.Јапончик е еден од највозрасните, има 69-години, и од оние водачи на руското подземје кои најдолго опстоија во меѓусебните пресметки. Затоа тој има и големо влијание во подземјето. Иванков почнал да се занимав со криминал упте во ’60-тите години, во времето на СССР.По распадот на комунистичката империја, тој на почетокото од ’90-тите замина во САД, каде го пробиваше патот на руската мафија. Таму заради изнудување, беше осуден на 10 години затвор, а по издржаната казна е протеран во Русија.Во Москва исто така е суден за убиство, но е ослободен од обвинението. При тој сидски процес, државниот обвинител Владимир Бакун, тврдел дека во поротата составена од 12 граѓани, дури 7 биле луѓе од платнито список на Јапончик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Политико“: Западните земји сè повеќе веруваат дека светот се движи кон глобална војна

Објавено пред

Западните земји сè повеќе веруваат дека светот се движи кон глобална војна, според анкетата на „Политико“, во која се детално опишани растечката загриженост на јавноста за ризиците и трошоците од новата ера на конфликти.

dobivaj vesti na viber

Во сите пет анкетирани земји – САД, Канада, Велика Британија, Франција и Германија – огромното мнозинство испитаници веруваат дека светот станува сè поопасен. Американските, канадските, француските и британските испитаници веруваат дека избувнувањето на Третата светска војна во следните пет години е се поверојатно.

Уделот на гласачите кои предвидуваат нов глобален конфликт нагло се зголеми откако независните анкетари „Паблик Фирст“ го поставија прашањето во март 2025 година. „Променливите ставови на западната јавност за помалку од една година одразуваат драматичен пресврт кон понесигурен свет, каде што војната се смета за веројатна, а сојузите нестабилни“, рече Себ Рајд, раководител на анкетите во „Паблик Фирст“.

Но, анкетата на „Политико“, исто така, откри ограничена подготвеност кај западната јавност да направи жртви за да плати за повисоки воени трошоци. Иако во принцип постои широка поддршка за зголемување на буџетите за одбрана во Велика Британија, Франција, Германија и Канада, таа поддршка нагло опадна кога луѓето дознаа дека тоа може да значи преземање поголем национален долг, намалување на други услуги или зголемување на даноците.

„Нашите анкети покажуваат дека растечката загриженост за војната не им дава дозвола на лидерите да трошат многу за одбрана“, рече Рајд. „Ако ништо друго, гласачите сега се помалку подготвени да направат компромиси потребни за подобрување на воената безбедност. Така, европските лидери се оставени во нестабилна ситуација – не можат да се потпрат на САД, не можат да го користат тоа како причина за инвестирање во земјата и се под поголем притисок итно да го решат ова за свет каде што конфликтот изгледа поблизок отколку порано.“

Наодите, врз основа на анкети на повеќе од 2.000 гласачи во секоја земја помеѓу 6 и 9 февруари, го откриваат предизвикот со кој се соочуваат лидерите на НАТО додека се обидуваат да ја зајакнат безбедноста во време кога јавните финансии се затегнати, пишува „Политико“.

Таа борба ќе ги обликува дискусиите меѓу политичарите од целиот свет додека патуваат во Германија за годишната Минхенска безбедносна конференција, која започнува во петок.

Без знаци за непосреден крај на четиригодишната тотална војна на Русија против Украина и без воена акција на САД во Иран, Сирија, Венецуела и Африка под водство на претседателот Доналд Трамп, многу гласачи гледаат растечки ризик од глобален конфликт.

Овој модел е особено очигледен во Обединетото Кралство, каде што 43 проценти веруваат дека нова светска војна е „веројатна“ или „многу веројатна“ да избувне до 2031 година – во споредба со 30 проценти во март 2025 година. Речиси половина од Американците – 46 проценти – веруваат дека нова светска војна е „веројатна“ или „многу веројатна“ до 2031 година – во споредба со 38 проценти минатата година. Меѓу петте земји, само луѓето во Германија мислат дека трета глобална војна е малку веројатна во следните пет години.

Русија се смета за најголема закана за мирот во Европа, додека Канаѓаните ја гледаат Америка на Трамп како најголема безбедносна закана. Во Франција, Германија и Велика Британија, како втора најголема закана се сметаат САД, кои испитаниците ги наведуваат многу почесто отколку Кина.

Мнозинството гласачи во Франција, Германија, Велика Британија и Канада рекоа дека нивната земја треба да троши повеќе за одбрана, а овој став е најсилен во Велика Британија и Канада.

Прикажи повеќе...

Свет

Ново пукање на американските кампуси: Две лица убиени во Јужна Каролина

Објавено пред

Две лица беа убиени, а едно беше рането во пукање во студентскиот дом на Државниот универзитет во Јужна Каролина доцна вчера, што доведе до итно блокирање на кампусот. Инцидентот, според соопштението објавено на Фејсбук страницата на универзитетот, се случил околу 21:15 часот по локално време во студентскиот дом „Хуџин Свитс“, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Достапни се малку официјални информации за околностите на нападот и не е познато дали напаѓачот е сè уште на слобода.

„Универзитетските претставници сè уште не го потврдија идентитетот на жртвите или состојбата на повреденото лице“, се вели во соопштението.

Лице кое се јавило на телефон во канцеларијата за јавна безбедност на универзитетот во четврток вечерта изјавило дека немало овластување да дава никакви информации за инцидентот.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Мисијата „Кру-12“ ќе се упати кон вселенската станица со четири астронаути

Објавено пред

Капсулата на SpaceX наскоро ќе однесе четири астронаути до Меѓународната вселенска станица (ISS), враќајќи ја орбиталната лабораторија на нејзиниот полн екипаж по еден месец работење само со тројца.

dobivaj vesti na viber

Мисијата, наречена Crew-12, е закажана да полета најрано во 5:15 часот наутро по источно време (ET) во петок од воздухопловната станица Кејп Канаверал во Флорида. НАСА, која го ангажира SpaceX за транспорт на своите астронаути, се обидуваше да го забрза лансирањето поради недостиг на персонал, но агенцијата мораше да одложи два можни датуми во среда и четврток поради лоши временски услови, објави CNN.

Меѓународната вселенска станица работи со само три лица од средината на јануари, што е намалување од вообичаените седум членови на екипажот. Намалувањето се случи откако претходната мисија на SpaceX, Crew-11, мораше да се врати на Земјата порано поради здравствен проблем на еден член на екипажот, кој не е идентификуван.

„НАСА беше подготвена. Тимот реагираше брзо и професионално, како и тимовите низ целата агенција, тесно соработувајќи со нашите комерцијални партнери за да се обезбеди многу безбедно враќање“, рече администраторот на НАСА, Џаред Исакман, на прес-конференција во јануари, додавајќи дека астронаутот е во стабилна состојба. „Затоа тренираме и тука НАСА се прикажува во најдобро светло“.

Откако капсулата на мисијата Crew-11 слета во океанот покрај брегот на Калифорнија, сите четворица астронаути беа однесени во Меморијалната болница „Скрипс“. Екипажот, во кој беа астронаутите на НАСА Зена Кардман и Мајк Финке, Кимија Јуи од Јапонската агенција за вселенски истражувања и рускиот космонаут Олег Платонов, подоцна се појавија на прес-конференција.

„Начинот на кој се справивме со сè, од рутински задачи до оваа непредвидена ситуација, ни дава голема доверба за идните истражувања“, рече Финке.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет56 минути

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет1 час

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет2 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа2 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион12 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија12 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет14 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија18 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија20 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија21 час

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија22 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија22 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ24 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...