Свет
Пронајдени останките од првиот Американец загинат во Ирак
Капетанот на америакнската морнаричка авијација загинал со Ф-18 А уште на 17-ти јануари 1991 г. при првата американска инвазија на Ирак
Потврдено е дека пронајдените човечки остатоци во ирачката пустиња му припашаат на пилотот Мајкл „Скот“ Спичер,к ој беше првата жртва на првата Заливска војна од 1991 г. Неговиот авион беше соборен во првиот напад на американската армија, и веднаш од првите луѓе на Пентагон беше прогласен за мртов, но неколку дена подоцна е заведен како „исчезнат во акција“ и така беше воден се’ до ДНК потврдата на остатоците. Се шпекулираше дека Спичер го преѓивеал падот и бил во заробеништво, и дека починал неколку години подоцна. Остатоците на војникот во чие сеќавање се имнувани повеќе јавни објекти и институции во САД, ги пронашол ирачки цивил уште пред еден месец очно на локацијата кае се урнал авионот на Спичер. Локален жител од пустината во провинцијата Анбар рекол дека се сеќава дека бедиуините ги спалиле остатоците од пилотот веднаш по несреќата. Иднетифаикацијата била извршена со споредба со снимка на забите на Спичер и големината на коските од вилиците најдени во пустињата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

