Свет
Грузија ја обвини Русија за агресија врз нејзина територија
Грузија во понеделник ја обвини Русија сека се обидува да заземе нејзина територија надвор од отцепената Јужна Осетија, по речиси една година од руската интервенција во овој регион минатото лето
Грузиското министерство за надворешни работи соопшти дека руски војски навлегле во селото Квеши, на границата со Јужна Осетија и поставиле ново одбележување за граничната линија. „Овој акт многу е алармантен, бидејќи на годишнината од руската агресија врз Грузија, Русија и нејзините марионети намерно предизвикуваат тензии се однесуваат предизвикувачки“, се вели во соопштението на министерството.Алексеј Кузњецов, портпарол на руското министерство за одбрана, одбил веднаш да го коментира обвинувањето на грузиската страна. Сепак, Грузија тврди дека руските офицери на границата во понеделник наредиле да се поместат граничните пунктови за стотина метри од претходните позиции на територијата на Јужна Осетија. Стив Бирд, портпаролот на набљудувачката мисија на Европската Унија, изјави дека набљудувачите ја следеле одблиску ситуацијата, но руските гранични власти ги убедувале дека немаат намера да ги придвижат своите пунктови кон нови маркации во областа. Руското министерство за надворешни работи, соопшти дека заменик-министер за надворешни работи, Григориј Карасин имал телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД за политички прашања, Вилјем Барнс, при што била разгледувана ситуацијата во Јужна Осетија.„Тој подвлекол дека е неопходно да се превенираат сите воени провокации кои би можеле дополнително да ја дестабилизираат веќе ровката ситуација на границата“, соопштило руското министерство. На речиси една година од ланските судири, ситуацијата од ден на ден станува понапната, а Русија и Грузија меѓусебно се обвинуваат за провокации и желба да се обновата судирите. Валсите во Јужна Осетија ја обвинија Грузија за отворање оган и убиствени напади во регионот на главниот град Чинквали во два наврата минатата седмица. Грузија ги отфрли обвинувањата и обвинија за стрелање врз нејзини граѓани, но притоа никој не е повреден. Во саботата руското министерство за одбрана ја предупреди Грузија дека Русија „.. го задржува правото да ги искористи сите сили и средства за да ги заштити граѓаните на Јужна Осетија и руските војници, во случај на натамошни провокации од грузиска страна“.Според, Тбилиси, токму оваа закана ги отсликува вистинските намери на Кремљ. Темур Јакобашвили од кабинетот на грузискиот премиер за AP изјави во неделата дека неговата држава нема намера да употреби сила, бидејќи, како што вели – нема воено решение за конфликтот.Војната од минатиот август започна откако Грузија ја започна офанзивата за ставање под целосна контрола на дотогаш нејзината автономна област Јужна Осетија, зад која стои Русија, која молскавично реагираше со испраќање на илјадници војници и тенкови и со воздушни напади, и ги потисна грузиските единици длабоко на нивна територија. По пет дена интензивни жестоки борби, беше склучено примирје под покровителство на Европската Унија. Тогаш грузиската власт тврдеше дека морала да употреби артилериски оган, затоа што областа од порано имало стационирано руски војници. Москва го демантираше тоа и тврдеше дека има легално право да интервенира затоа што во околината на Чинквали имаше свои мировници, распоредени како набљудувачи и гаранти на мирот по првата осетиско-грузиска војна и нејзините граѓани. Ианку, огромен процент од Осетијците имаат руско државјанство и работејќи во Русија ги издржуваат своите семејства. По војната Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и на Абхазија, покраина која исто така прогласи самостојност од Грузија и распоред илјадници војници на нивна територија. Набљудувачите на ЕУ се единствените од претставниците на меѓународната заедница кои останаа во регионот, но тие не можат да патуваат во внатрешноста на двата региона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош
Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од студ поради тешките зимски услови и го повика Израел да ја ублажи блокадата на хуманитарната помош, додека, како што наведуваат, воените дејствија продолжуваат и покрај примирјето.
МСФ соопшти дека во јужниот дел на Газа, во Кан Јунис, од тешка хипотермија починало прерано родено бебе на 29 дена, истакнувајќи дека зимата во комбинација со исклучително лошите животни услови значително ги зголемува здравствените ризици, пренесе Ал Џезира.
Според податоците на Министерството за здравство на Газа, бројот на смртни случаи поради екстремните временски услови достигнал 13, додека претходно оваа недела од студ починало и двонеделно бебе поради недостаиг на соодветно засолниште и облека.
Шефот на педијатриско-акушерското одделение во Медицинскиот комплекс „Насер“ Ахмед ал-Фара предупреди дека хипотермијата е исклучително опасна за новороденчињата и дека доколку на семејствата во шаторите не им се обезбедат средства за греење и соодветно сместување, бројот на смртни случаи ќе расте.
МСФ наведува дека бележи висок пораст на респираторни инфекции, кои во текот на зимата би можеле дополнително да се шират, особено загрозувајќи ги децата под пет години.
Во последните недели Газа се соочува со обилни врнежи, силни ветрови и ниски температури, при што повеќе од 53.000 шатори, кои служат како привремено сместување за раселените лица, се оштетени или уништени.
Поради уништената инфраструктура, улиците брзо се поплавуваат, а канализацијата се излева, додека семејствата се принудени да се засолнат во делумно урнати објекти.
Обединетите нации наведуваат дека Израел и натаму спречува испорака на шатори, ќебиња и други основни потреби, додека околу 55.000 семејства претрпеле штета за време на невреме, а оштетени се и просторите наменети за деца, што погодило околу 30.000 деца.
Организацијата „Refugees International“ оцени дека хуманитарната помош во Газа пристигнува во минимални количини, делумно поради списокот на „контролирани предмети“, кој, според наводите, вклучува и основни потреби како пелени, завои и шатори.
Свет
Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија
Седум диви азиски слонови загинаа, а еден мал е повреден кога брз патнички воз се судрил со крдо кое ја преминувало пругата во североисточната индиска сојузна држава Асам, соопштија локалните власти.
Машиновозачот забележал крдо од околу 100 слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но возот сепак удрил во дел од животните, изјави портпаролот на Индиските железници, Капинџал Кишор Шарма.
Пет вагони и локомотивата излетале од шините по сударот, но немало човечки жртви.
Ветеринари извршиле обдукција на угинатите слонови, кои дополнително треба да бидат погребани.
Местото на несреќата е шумско подрачје на околу 125 километри југоисточно од главниот град на Асам, Гвахати.
Возот „Раџдани експрес“, кој сообраќал од Саиранг во државата Мизорам која се граничи со Мјанмар, бил на пат кон главниот град Њу Делхи со 650 патници кога удрил во слоновите.
Сударите на возови и диви слонови не се ретки во Асам, каде што живеат околу 7.000 диви азиски слонови, што претставува една од најголемите концентрации во Индија. Од 2020 година, најмалку десетина слонови биле убиени на овој начин.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.

