Контакт

Свет

Киднапирана активистка на хуманитарна организација во Чеченија

Објавено пред

Активистка на невладината хуманитарна организација „Да ги спасиме идните поколенија“ е киднапирана во понеделник од непознати вооружени напаѓачи во Грозни, главниот град на Чеченија

dobivaj vesti na viber

„Непознати напаѓачи попладнево влегоа во нејзината канцеларија и насилно ја ставиле во автомобил. Оттогаш не се знае што се случило со неа“, изјави поранешен колега на киднапираната.Според Александар Черкасов од руската организација за заштита на човековите права „Меморијал“, киднапираната е Зарем Абдулаева, а со неа како заложник бил земен и нејзиниот сопруг.Минатиот месец исто така во Грозни беше киднапирана од пред својот дом и подоцна во близина на границата си Ингушетија ликвидирана активистка на организацијата „Меморијал“, Наталија Естемирова. Претседателот на оваа организацијата Олег Орлов за нејзиното убиство го обвини чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Рускиот претседател Дмитриј Медведев остро го осуди убиството на Естемирова и побара доследна и сеопфатна истрага од страна на чеченските власти.„Републичкото министерство за внатрешни работи и другите безбедносни структури ги проверуваат информациите за грабнувањето на Садучлаева и нејзинито сопруг. Во овие структури не е регистрирана поднесена пријава за киднапирањето“, изјавил извор на агенцијата РИА Новости.   Представник на Истражната управа на Руската Федерација за Чеченија исто така изјавил дека „.. “со информација или пријава за киднапирање на соработник на невладината организација ’Да ги спасиме идните поколенија’, досега никој не се обратил“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Олимписки игри во Париз 2024: церемонијата на отворање започна со пловење по Сена

Објавено пред

Олимписките игри во Париз беа свечено отворени со свечена церемонија која се разликува од сите досегашни, бидејќи парадата на најдобрите спортисти на планетата првпат не беше организирана на стадионот.

dobivaj vesti na viber

Овие, 33. Олимписки игри, беа отворени со пловење по реката Сена, каде што повеќе од 10.000 спортисти од светот во чамци им мавтаа на стотици илјади гледачи на брегот на познатата река што тече низ главниот град на Франција.

Со димни сигнали во боите на француското знаме, настапот на Лејди Гага, американската пејачка и стотици танчерки на бреговите и мостовите, првите натпреварувачи беа од Грција што испловија по Сена, што е обичај во најголемиот светски спортски настан, кој потекнува од таа европска земја.

Дожувувањето на стотици илјади гледачи низ Париз донекаде го расипа дождот, кој паѓаше цел ден во француската престолнина.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите

Објавено пред

Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.

dobivaj vesti na viber

До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.

Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.

Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.

Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.

Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.

Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Во Русија гори облакодер, има загинати меѓу кои и двегодишно дете

Објавено пред

Пожар избувна во облакодер во градот Уљановск, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби.

dobivaj vesti na viber

„Според првичните информации, пожарот првично зафатил три стана на третиот кат“, се вели во соопштението. Загинаа двегодишно дете и уште едно лице, а три лица се повредени.

Сите расположливи служби за итни случаи излегоа на терен и помагаат во евакуацијата. Со пожарот се борат вкупно 68 пожарникари со 22 возила. Повеќето од луѓето кои живеат во облакодерот се евакуирани.

Гувернерот на регионот Уљановск им нареди на раководството на Министерството за здравство и Министерството за социјален развој веднаш да излезат на местото на настанот за да ја координираат медицинската помош на жртвите и да ги решат прашањата за финансиска помош за жртвите.

Градските власти соопштија дека пожарот настанал по експлозија на плинска боца. „Некста“, канал на Х, пишува дека жителите од горните катови мавтале со рацете и побарале помош од спасувачите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ДУИ за Балансерот: Тоа е опасен обид за намалување на влијанието на Албанците во јавниот и институционалниот живот на државата

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на владата со моноетнички легитимитет да ја смени формулата „балансер“ од 29,5%...

Топ9 часа

Пратеници на службените електронски адреси добиле заканувачки пораки

МВР соопшти дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024...

Македонија12 часа

Иселениците повеќе нема да ја одредуваат етничката застапеност во државните институции, сменет е процентот на балансерот

Министерот за јавна администрација, Горн Минчев, објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја броеше и...

Економија12 часа

По 200.000 денари субвенција за занаетчиите за нов алат, машини или нов производ, пријавување до 1 октомври во Економија

Занаетчиите што купиле нов алат, машини или имале нов производ во 2023 и 2024 година ќе може да се пријават...

Македонија13 часа

До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“, Таравари најави нов тендер за компресорска станица

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено...

Македонија14 часа

Наместо Скопје, прашина на подножјето на Водно – што се случувало во сеизмолошката станица за време на скопскиот земјотрес

Денес, 26 јули, одбележуваме 61 година од скопскиот катастрофален земјотрес, кој остави длабоки траги во историјата на градот Скопје. Земјотресот...

Македонија14 часа

Амбулантата во Илинден готова до Нова година, ќе почне со општи лекари, а веќе се бараат и интернист, педијатар, гинеколог…

До Нова година ќе биде пуштена во употреба реновираната амбуланта во општина Илинден, која ќе ги опслужува и жителите на...

Македонија15 часа

Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии

Два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видеозапис и две досиеја –...

Македонија15 часа

„Вреди“ го прозва Али Ахмети откога СДСМ ја призна грешката за измените на Кривичниот законик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја призна грешката, дали ова ќе го направи и Али Ахмети од ДУИ, прашуваат од...

Македонија16 часа

Почвата кај Берово не се смирува: утрово регистриран уште еден земјотрес

Земјотрес од 3,1 степени утрово е регистриран во околината на Пехчево и Берово. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се...

Свет17 часа

Камала Харис до Нетанјаху: Ставете крај на војната во Газа

Американскaта потпретседателка Камала Харис, која се очекува да биде кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, одржа, како...

Свет17 часа

(Видео) Американска пратеничка со говорна мана одржа говор користејќи глас со вештачка интелигенциј

Американската пратеничка од Вирџинија Џенифер Векстон користеше програма за вештачка интелигенција (АИ) за да се обрати синоќа пред Претставничкиот дом...

Македонија19 часа

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во...

Топ1 ден

Починато бебе во Богданци: подолг период било хоспитализирано

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе....

Топ1 ден

Во канал за наводнување пронајдена почината жена од Кочанско

Денеска во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена...

Македонија1 ден

Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата што застареа, а граѓаните плаќаат милиони отштета

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше...

Македонија1 ден

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија2 дена

Филипче призна дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија2 дена

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија2 дена

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...