Свет
Претседателот на Костарика заразен со свинскиот грип
Костариканскиот претседател Оскар Ариас е заразен со вирусот A(H1N1), потврди тамошната влада. Тој се заразил со новиот вид грип минатиот викенд
Претседателот на Костарика, Оскар Ариас, кој последниве седмици беше медијатор во разговорите меѓу соборениот претседател на Хондурас Мануел Залеја и неговиот наследник Роберто Мичелети околу надминување на тензиите во таа држава, е првиот претседател за кој е познато дека боледува од оваа болест.Шеесет и осумгодишниот Ариас кој е добитник на Нобеловата награда за мир во 1987 г., се заразил минатиот викенд, а во вторникот лабораториските испитувања потврдиле присуство на новиот тип вирус на свинскиот грип. „Тестирањата покажале дека кај претседателот нема други компликации“, изјавила костариканската минситерка за информации Маји Антилион. Таа додала дека се очекува Ариас да почне со секојдневните активности на почетокот од идната седмица. Оскар Ариас првпат беше избран за претседател на Костарика во периодот од 1986 до 1990 г., а во 2006 г. беше повторно избран за прв човек на државата. Нобеловата награда за мир ја доби заради неговото залагање за постигнувањ мир во Средна Америка која тогаш беше зафатена со повеќе граѓански војни.Во Костарика досега од свинскиот грип починале повеќе од дваесет луѓе.И американскиот претседател Барак Обама беше во опасност да биде инфоциран со новиот сој на вирусот на свинскиот грип, за кој американските медиуми предупредуваат дека е реузлтат на вкрстување на вирусите на човечки, свински и птичји грип.Имено на 25 април десетина дена од избувнувањето на епидемијата во Мексико, почина Фелипе Солис кој му беше водич на претседателот Обама низ антрополошкиот музеј при неговата посета на Мексико Сити.„Патувањето на претседателот на Мексико не го загрози неговото здравје“, соопшти тогаш Белата куќа, по информациите дека Фелипе Солис починал од свински грип неколку дена откако на 16-ти април се видел со американскиот претседател Барак Обама, што би значело дека во тие мигови тој бил веќе инфицран од вирусот кој може да биде смртоносен и кој лесно се пренесува од човек на човек.Епидемијата на грипот А(H1N1) која се јави во април во Мексико од 11-ти јуни е прогласена за пандемија од светски размери.„До крајот на пандемијата со новиот вирус ќе бидат заразени меѓу 15 и 45 отсто од вкупната популација во светот. Триесет отсто е средна проценка, а 30 отсто од светската популација се две милијарди луѓе“, изјави неодамна портпаролката на Свеетската здравствена организација, Афалук Батиасеви. Како што додава, тоа се според неа само груби проценки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Свет
Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи
Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али Хамнеи во невидена кампања за собирање разузнавачки информации, објави синоќа британски „Индипендент“.
Службениците ги надгледувале високо обучените и лојални обезбедувачи, телохранители и возачи на високи ирански функционери за да го забележат нивниот „модел на живот“, објави „Фајненшл тајмс“.
Овие податоци во реално време, вклучително и од камерите фокусирани на личниот комплекс на Хамнеи, биле шифрирани и пренесени назад до серверите во Тел Авив и јужен Израел.
Тие беа во можност да утврдат каде стражарите ќе ги паркираат своите автомобили преку инфилтрирана безбедносна камера свртена кон домот на ајатолахот.
„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“, изјави за весникот сегашен израелски разузнавачки службеник.
„И кога го познавате (местото) исто толку добро колку што ја познавате улицата на која сте пораснале, го забележувате секое нешто што не е на свое место“.
Планот за убиство на ајатолахот постоел со месеци и бил изменет кога се дознало дека врховниот лидер лично ќе присуствува на состанок кај него дома, изјавија официјални лица.
На денот на атентатот, израелските разузнавачи ги користеле податоците од сообраќајните камери, преку нив го потврдиле реалното време на состанокот.
Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени во текот на денот за да се создаде елемент на шок и „му дозволиле на Израел да постигне тактичко изненадување по вторпат, и покрај силната иранска подготвеност“.
Мобилните телефонски услуги и комуникациските мрежи биле прекинати во обид да го остават Иран „зашеметен и збунет“, според генералот Ден Кејн, началник на заедничкиот штаб. „Координираните вселенски и сајбер операции ефикасно ги нарушија комуникациските и сензорските мрежи низ целата зона на одговорност, оставајќи го противникот без можност да гледа, координира или ефикасно да реагира“, рече тој.
Претседателот Доналд Трамп во интервју за „Фокс њус“, по нападот рече дека иранскиот лидер „бил елиминиран заедно со неговиот најблизок круг додека се собирале на појадок“.

