Свет
Нарачувал убиства за да ја зголеми гледаноста на својата емисија

Бразилски политичар и водител на криминалистичка ТВ емисија, е обвинет дека ги нарачувал убиствата за кои подоцна зборувал во емисијата, во сабота и се предаде на полицијата откако исчезна по истекот на неговито пратенички мандат кој го штитеше од истрагата
Валас Соуза пратеник од брзилската сојузна држава Амазонас амазонската водителот на телевизиската емисија „Канал Либре“ е обвиент за нарачување убиства за на своето телевизиско шоу му го обезбеди ексклузивитетот со снимки од настаните и да ја зголеми гледаноста. Емисијата била укината при крајот на 2008 г., кога Соуза бил обвинет за трговија со дроги и илегално поседување оружје. Сега тој се сомничи за нарачка на најмалку пет убиства кои требало да му ја отстраната конкуренцијата во трговијата со дроги и истовремено да ја зголеми гледаноста на неговата емисија, јавува Reuters. При претресот на неговата куќа биле пронајдени нелегално оружје и големо количество муниција, а покрај нив запленила и 170 илјади доалри во готовина.Сепак Соуза не е ставен во притвор, бидејќи го штити имунитетот како политичар. Уаспен бил и неговиот син Рафаел Соуза и уште неколкумина полицајци. Вкупно во овојс лсучај бразилската полиција ауспиал 15 лица.Соуза кој некогаш и самиот бил полицаец за новинарите во градот Манас ги отфрлил обвиненијата и изјавил дека тоа е монтирана хајка против него од страна на неговите противници и дека против него нема никави докази, пренесува Associated Press.Бразилскито државен секретар за безбедност, Франциско Кавалканти, тврди дека има многу докази кои упатуваат на тоа дека таткото и синот Соуза испланирале неколку убиства од кои подоцна во неговата емисиај се емитувани ексклузивни видео материјали. „Неколкупати буквално ги произведуваа фактите, ги создаваа вестите. Тој и неговиот син нарачувале убиства и и’ јавувале на телевизиската екипа која потоа прва стигнувала на местото на настанот“, изјавил Кавалкани.Државито обвинител Фабио Монтеиро додал дека Соуза покрај горните обвиненија е осомничен и за тргување со оружје и за формирање злосторничак организација. Пензионираниот полицаец Моасир Дакоста и’ признал на полицијата дека му помогнал при најмалку едно убиство кое Соуза го арачал за својата емисија, којашто заради гоелматта гледаност му доеснал и гоелма популарност во цела Јужна Америка.Неговиот адвокат Франциско Балиеро трвди дека полцијата не поседува никакви докази против Соузама докази. Бразилските власти на сите полициски службеници, на судиите и другите инволвирани во случајот и во истрагта им понудила постојана полциска заштита, бидејќи веднаш пообјавување на случајто добивале закани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Европската комисија и’ се закани на Унгарија со мерки ако донесе закон против невладините организации

Европската комисија се закани со мерки против Унгарија доколку владата на премиерот Виктор Орбан усвои контроверзен закон со кој се ограничува работата на невладините организации (НВО).
Воведувањето закон за „транспарентност во јавниот живот“ би наметнало строги регулативи за невладините организации финансирани од странство кои се сметаат за ризик за суверенитетот на Унгарија.
Нацрт-законот, поднесен до унгарскиот парламент од конзервативната националистичка партија Фидес на Орбан, според Комисијата е сериозно кршење на правата на ЕУ. Извршното тело на Европската унија повика на повлекување на нацртот од законодавниот процес.
Доколку законот биде усвоен според очекувањата, Комисијата на чело со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека нема да се двоуми да ги преземе неопходните мерки.
Комисијата може да покрене посебни постапки за такви случаи на прекршување, што ќе резултира со високи казни за земјите-членки кои не се во согласност со правото на ЕУ.
Нацрт-законот дозволува невладините организации финансирани од странство кои можат да влијаат на јавното мислење да бидат ставени на црната листа. Тие организации потоа можат да добијат материјална поддршка од странство само со одобрение од даночната управа на земјата во која работат. Ако една невладина организација се финансира со други средства, мора да плати 25 пати поголема сума на државата како казна, во спротивно ќе биде распуштена и забранета.
Свет
Жената која избоде 18 лица во Хамбург ќе биде сместена во психијатриска установа

Судија нареди 39-годишната жена осомничена за напад со нож на главната железничка станица во Хамбург да биде предадена на психијатриска установа, соопшти полицијата во саботата. Во напад со нож во петокот беа повредени 18 лица во овој северен германски град.
Осомничената, која набрзо по инцидентот е приведена, доби кривична пријава за обид за убиство на 15 лица со тешки телесни повреди. Според претходните полициски извештаи, нападот не бил политички мотивиран.
„Напротив, постојат многу јасни индиции дека осомничената е ментално болна“, соопшти полицијата.
Осумнаесет повредени се на возраст од 19 до 85 години. Три жени на возраст од 24, 52 и 85 години, како и еден 24-годишен маж се пренесени во болница со повреди опасни по живот. Полицијата во саботата соопшти дека сите се стабилни. Седум други лица се тешко повредени, а седум се здобиле со полесни повреди.
Нападот бил прекинат благодарение на храбрата интервенција на двајца случајни минувачи.
Свет
Голем прекин на струјата во Кан во екот на филмскиот фестивал

Голем прекин на струја во јужниот француски град Кан го наруши последниот викенд на меѓународниот филмски фестивал. Околу 160.000 домови во крајбрежното одморалиште и соседните општини беа погодени од прекин на електричната енергија од околу 10 часот во саботата по ноќниот пожар во електраната, објави операторот на електроенергетската мрежа РТЕ на „Икс“.
Се претпоставува дека пожарот во општина Танерон бил намерно предизвикан, изјави портпаролката на полицијата. Сепак, таа не можеше да каже дали има поврзаност меѓу инцидентот и филмскиот фестивал.
Фестивалската палата има свое независно напојување со електрична енергија, па фестивалската програма генерално продолжи нормално. Сепак, проекциите на филмови во Синеум, мултиплекс кино лоцирано надвор од центарот на градот, беа прекинати.
Доделувањето на наградите на филмскиот фестивал ќе се одржи според планираното во сабота навечер, соопштија организаторите. Тимови од РТЕ и добавувачот Енедис работат на обновување на мрежата. Француските медиуми, повикувајќи се на РТЕ, наведуваат дека се уште не се знае кога ќе завршат работите.
Филмскиот фестивал во Кан се смета за најважниот филмски фестивал во светот, заедно со филмскиот фестивал во Венеција. Оваа година за главната награда „Златна палма“ се натпреваруваат 22 филма.