Свет
Најмалку 21 загинати во два самоубиствени напади во Ирак
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/1c15528e-f88d-490f-849a-8c2690306a86-1.jpeg)
Во двоен самоубиствен бомбашки напад во северозападниот дел од Ирак во кафуле преполно со млади луѓе загинало најмалку 21 лице, потврдија тамошните власти
Последниот од серијата напади врз малцинствата во четвртокот, се случил околу 17 часот во градот Синџар каде доминираат Јаздите кои говорат курдски јазик, кои главно го насилуваат овој ирачки регион близу границата со Сирија. Во нападот има и се’ уште непотврден, но голем број тешко ранети кои биел пренесени во болниците кои се во близина на овој полуавтономен курдски регион. Локалот кој бил целта на нападот бил омилено место за излез на младите од градот, а градските власти набрзо наредиле полициски час. „Ова што се случи попладнево е вистинска катастрофа за нашиот град. Млади луѓе се убиени, едноставно додека уживаа. “, изјавил членот на градскиот совет, Меијсар Субхи. Градоначалникот на Синџар, Касим Хасун потврдил дека поголемиот дел од загинатите се Јазди.Директорот на болницата во Синџар, Кифах Махмуд потврдил дека биле донесени 21 загинт меѓу кои и еден египетски државјанин и 32 ранети. Пред две години овој регион беше цел на еден од најжестоките напади на ирачките бунтовници од почетокот на американската инвазија во 2003 г. Точно на 14-ти август 2007 г. во четири синхронизирани самоубиствени напади со камиони полни со експлозив во градот Кахатанија беа убиени повеќе од 500 Јазди.Пред една седмица во овој регион беше жестоко нападнат со серија бомбашки акти градот Мосул, кој американските сили го сметаат за последниот и најголем град во кој Ал Каеда има свои силни групи. Самоубиствените напади во Ирак во последно време се насочени кон шиитското, туркменското и шабакшкото малцинство, при што од минатиот петок се убиени околу 120 луѓе. Ианку Јаздите живеат во чувствителниот регион на спорната територија межу Курдите и Арапите, а одбранбените пунктови на влезовите од Синџар се курдски. САД предупредија дека расте непријателството меѓу двете заедници заради превласт над територијата на која има богати извори на нафта, што мож да се претвори во нов судир во Ирак,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Олимписки игри во Париз 2024: церемонијата на отворање започна со пловење по Сена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-213525-1.jpg)
Олимписките игри во Париз беа свечено отворени со свечена церемонија која се разликува од сите досегашни, бидејќи парадата на најдобрите спортисти на планетата првпат не беше организирана на стадионот.
Овие, 33. Олимписки игри, беа отворени со пловење по реката Сена, каде што повеќе од 10.000 спортисти од светот во чамци им мавтаа на стотици илјади гледачи на брегот на познатата река што тече низ главниот град на Франција.
Со димни сигнали во боите на француското знаме, настапот на Лејди Гага, американската пејачка и стотици танчерки на бреговите и мостовите, првите натпреварувачи беа од Грција што испловија по Сена, што е обичај во најголемиот светски спортски настан, кој потекнува од таа европска земја.
Дожувувањето на стотици илјади гледачи низ Париз донекаде го расипа дождот, кој паѓаше цел ден во француската престолнина.
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Свет
(Видео) Во Русија гори облакодер, има загинати меѓу кои и двегодишно дете
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-195828.jpg)
Пожар избувна во облакодер во градот Уљановск, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби.
„Според првичните информации, пожарот првично зафатил три стана на третиот кат“, се вели во соопштението. Загинаа двегодишно дете и уште едно лице, а три лица се повредени.
A powerful explosion took place in a high-rise building in the Russian city of Ulyanovsk
Three apartments in a residential building caught fire at once. Residents of the upper floors are waving their hands and asking for help from rescuers. An evacuation is underway.
According… pic.twitter.com/NNmcy6scfu
— NEXTA (@nexta_tv) July 26, 2024
Сите расположливи служби за итни случаи излегоа на терен и помагаат во евакуацијата. Со пожарот се борат вкупно 68 пожарникари со 22 возила. Повеќето од луѓето кои живеат во облакодерот се евакуирани.
🇷🇺 A high-rise building is on fire in Ulyanovsk.
A fire broke out on the third floor of a building on Korunkova Street. According to the Base, three apartments are on fire. The entrance was heavily smoky and all residents were evacuated from the house. pic.twitter.com/7JzpTz1sg5
— * (@V141NGs) July 26, 2024
Гувернерот на регионот Уљановск им нареди на раководството на Министерството за здравство и Министерството за социјален развој веднаш да излезат на местото на настанот за да ја координираат медицинската помош на жртвите и да ги решат прашањата за финансиска помош за жртвите.
Градските власти соопштија дека пожарот настанал по експлозија на плинска боца. „Некста“, канал на Х, пишува дека жителите од горните катови мавтале со рацете и побарале помош од спасувачите.