Свет
Спасени 115 илегални имигранти на Малта
Патролните чамци на вооружените сили на Малта вчера спасија 115 илегални имигранти, чиј чамец тонел јужно од медитеранскиот остров, јавуваат светските медиуми
Меѓу имигрантите има и триесет и четири жени. Тие по потекло се од Сомалија, а патувањето го почнале од Либија. Илегалните имигранти со три чамци се пренесени на Малта. Нив ги сапасија патролни чамци на вооружените сили на Малта. Чамецот со емигранти тонел јужно до медитеранскиот остров, кога биле забележани од патролните чамци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

