Свет
За два дена во Мексико убиени 25 лица
За два дена убиени се 25 лица во пресметките меѓу мексиканските нарко- картели на север од државата. Во понеделник во бар во Сиудад Хуарез биле убиени осум лица, откако претходно напаѓачите го убиле сопственикот
Група од најмалку шестмина напаѓачи во раните утрински часови упаднал а во бар и откако го застрелале сопственикот и неговата сопруга, почнале да пукаат во гостите. Притоа загинале осум лица а четири биле ранети од кои едно лице било во животна опасност, потврдило мексиканското обвинителство. Се претпоставува дека станува збор за истата група лица облечени во црно која во неделата попладнето убила шест лица во една куќа во близина на Сиудад Хуарез. Овој град кој се наоѓа на границата со САД наспроти Ел Пасо во американската сојузна држава Тексас е центар на пресметките меѓу нарко-картелите околу контролата на овој регион кој се користи како дистрибутивен центар за американскиот илегален пазар на дроги.Градот има околу милиони половина жители а вчера и денес имало и други убиства во различни квартови.Од јануари 2008 г. кога започна војанат меѓу криминалните банди се проценува дека досега се загинати повеќе од десет илјади луѓе. И покрај тоа што мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон прогласи војна против бандите, ангажирајќи и 36 илјади војници, пресметките не се стишуваат и стануваат се’ побрутални, при што често на мета на криминалците се војниците, како и полицајци и нивните семејства кои страдаат во ужасни масакри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

