Свет
Ослободен рускиот брод „Артик Си“, уапсени осуммина грабнувачи
Без испукан куршум во вторник претпладне бил ослободен трговскиот брод грабнат и исчезнат пред две седмици во Атлантикот, а грабнувачите од Естонија, Латвија и Русија се уапсени
„Грабнувачите се качиле на ’Артик Си’, со оружје им се заканиле на морнарите и им наредиле да ги слушаат нивните наредби. ’Артик Си’ потоа пловеше кон Африка и ги исклучи сите комуникациски и навигациски системи“, изјавил рускиот министер за одбрана, Анатолиј Сердјуков. Осуммината уасесни грабнувачи се државјани на Естонија, Латвија и Русија. Во операцијата за ослободување на бродот, никој од 15-те членови на екипажот не бил повреден и се префрлени на рускиот воен.Сердјуков вчера изјави дека е лоциран бродот кој исчезна во водите околу архипелагот Каповерде. „Артик Си“ е трговски брод со носивост од четири илјади тони и пловел под малтешко знаме. Последен пат бил виден пред две седмици на излегување од каналот Ла Манш. Во моментот на неговото грабнување од Финска за Алжир превезувал дрвена граѓа во вредност од речиси два милиона долари.Исчезнувањето на бродот долг 98 метри создаде забуна кај поморските власти во Европа и северна Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

