Свет
Во пет експлозии најмалку 36 загинати во Авганистан
Најмалку 36 се загинати а 64 се ранети во јужниот град Кандахар во синхронизарани експлозии на пет автомобили-бомби. Во борбени акции, во провинцијата во вторникот загинаа и четири американски војници
Авганистански извори изјавиле дека речиси целосно била уништена зградата на јапонска градежна фирма во која работата најмногу инженери од Пакистан. Покрај неа, многу биле оштетени и десетина околни згради а од силните експлозии биле искршени прозорците на многу домови во подалечни делови од градот. Репортерите јавуваат и за пожари кои се јавиле по експлозиите. Биел уништени и околу педесетина локали. Репортерот на Associated Press, вели дека ова е најсилната експлозија што ја чул и идел иако осум години веќе живее во Кандахар. „Експлозијата уби најмалку 36 а рани 64 лица“, изјавил генералот Ѓулам Али Вахабат, началник на авганистанската полиција за јужните провинции од земјата. „Уше еднаш тие убија деца, жени, невини Авганистанци. Тие не се луѓе. Тие се животни. Можете да ја видите деструкцијата на овој непријател“, изјавил заменикот на полицискиот началник, Мохамед Шер Шах. Член на провинцискиот совет, Хаџи Ага Лалаи рекол дека петте возила полни со експлозиви детонирани во исто време предизвикале огромна експлозија. Послдните неколку години талибаните во Кандахар имаат извршено неколку големи напади, кој се смета за нивен духовен центар. Крај градот има голема база на НАТО, но бунтовниците ја имаат контролата во западните делови од градот. Американскиот армиски портпарол, наредничката Кристин Сајденстрајкер, потврди дека во јужниот дел од Авганистан денеска смртно настрадале четири американски војници. Со ова бројката на загинати американски војници во август се искачи на 41, што го прави барем досега втор по загуби месец откако е почната инвазијата на САД во Авганистан во 2001 г. Во јули бројката загинати американски војници изнесуваше 44. Вкупно, пак, досега оваа црна бројка изнесува 172 загинати војници на САД во авганистанската војна, во која се ангажирани околу 60 илјади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фински политичар до малите држави: Приклучете се кон ЕУ, тоа ви носи заштита
Во рамки на дискусијата за глобалната трговија и иднината на државите во новиот светски поредок, финскиот политичар Александар Стуб даде јасен совет за обезбедување стабилност. Според него, најдобриот рецепт за помалите држави е членство во Европската унија, додека директорката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала, истакна дека и покрај критиките, постоечкиот систем покажува отпорност.
На прашањето како другите земји би требало да постапат за да си ја обезбедат иднината, Стуб полушеговито одговорил: „Приклучете се кон Европската унија – тоа ви носи заштита“, изјавил тој.
Како што посочил дека важноста на ваквите сојузи станала уште поочигледна по заканите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд.
Стуб објасни дека царини не може да се воведат само за некои членки, бидејќи „тогаш царина од 25% би важела за целата Европска унија“. На малите и средни сили кои не се членки на ЕУ им препорача активно да се вклучат и да ги поддржат мултилатералните трговски организации, за да обезбедат одредено ниво на заштита.
Претходно, на иста тема се осврна и директорката на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала, која изјави дека иако не се согласува со едностраните потези на САД, се согласува со многу од нивните критики кон трговскиот систем.
„Системот не се развиваше, не се менуваше брзо и не реагираше соодветно на светските промени. Некои од критиките дека не функционира добро се основани“, призна таа.
Сепак, таа нагласи дека:
„И покрај огромните пореметувања и најголемото поткопување на глобалните трговски правила во последните 80 години, системот покажува отпорност.“
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.

