Свет
Киднапираниот Французин избега од сомалиските бунтовниците
Сомалиските бунтовници го киднапираа францускиот агент за безбедност минатиот месец. Тој изјави дека избегал додека тие спиеле, а потоа пет часови се движел по улиците на еден од најопасните градови на светот одека не стигнал до претседателската палата
Марк Убрие кој на 14-та јули беше грабнат заедно со уште еден француски агент, одрекол дека убил некој од стражарите во текот на бегството. „Милитантите кои ме чуваа убаво ме хранеа. Никој не ме повреди. Никого не убив кога избегав.“, изјавил Убрие за Associated Press, пред да влезе во авионот со кој го напуштил Могадиш. Тој додал дека избегал околу полноќ, кога стражарите биел преморени и заспале. За француското радио RFI, Убрие изјавил дека се ориентирал според ѕвездите „Могадиш навечер е пуст, наидов на вооружени лица кои за среќа ме пропуштија“, додал францускиот разузнавач. „Многу сум среќен но сум загрижен за мојот колега кој се’ уште е во рацете на милитантите“, изјавил Французинот кој бил исцрпен па морале да ги придржуваат сомалиските агенти. Убрие и колегата беа киднапирани од хотел во Могадиш, од страна на припадници на бунтовничките групи Ал Шабаб и Хезбул исламија. Тие престојуваа во Сомалија во обезбедувањето на возовите на владините сили,. Тогаш киднаперите изјавија дека ќе им биде судено според исламските закони за шпионирање и за наводен заговор против исламот. Веќе две децении Сомалија е една од најопасните држави, каде господарите на војната имаат свои милиции и вооружени групи, па странците ретко патуваат таму. Последните неколку години во пораст се грабнувања за откуп на новинари и хуманитарни работници. Канадската новинарка Аманда Линдхаут и австралиецот Најџел Бренен беа држени во заложништво цела година. Офицерот Фархан Асањо, за медиумите изјавил дека во средата наутро до владините војници дошол човек кого го идентификувале и кој им рекол дека побегнал откако убил тројца од неговите стражари. Меѓутоа, портпаролот на француското министерство за надворешни работи, Ерик Шевалје, изјавил дека агентот е ослободил без насилство и без платена откупнина. Странските аналитичари сметаат дека Сомалија која е практично во безвластие последните 18 години, може да биде добар терен за Ал Каеда да ги пресели своите бази и логори за обука како што се случи во 1990-та со Авганистан. САД ја обвинуваат организацијата Ал Шабаб дека е поврзана со терористичката мрежа на Ал Каеда, но нејзините лидери тоа го одрекуваат. Аденскиот залив исто така е место на кое царуваат сомалиските пирати кои десетици бродови киднапираа и бараа високи откупи за нив, па во тие води повеќепати интервенираа, американски, руски, француски и германски поморски сили. Во главниот град Могадиш секојдневно се водат жестоки улични борби меѓу бунтовниците и владините сили, а од пред две и пол години загинаа десетици илјади лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ако Зеленски е навистина подготвен за средба, го каниме во Москва, ќе ја гарантираме неговата безбедност, рече помошникот на Кремљ
Кремљ соопшти дека е подготвен за директна средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија никогаш не одбивала вакви контакти и дека е подготвена да му гарантира безбедност на Зеленски доколку дојде во Русија.
„Доколку Зеленски е навистина подготвен за средба, тогаш го каниме во Москва. Ќе ја гарантираме неговата безбедност и потребните услови за работа“, рече Ушаков во интервју.
Изјавата доаѓа во време на нови дипломатски напори за завршување на војната, пренесе „Киев Индипендент“.
Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Зеленски е подготвен за средба со Путин за да разговараат за две клучни теми: територијалното решение и иднината на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација.
Размената на пораки се случува во момент кога Украина, Русија и САД повторно се дипломатски активни, во контекст на напорите на Доналд Трамп за завршување на војната. Се очекува следната рунда преговори да се одржи на 1 февруари.
Зеленски и Путин последен пат лично се сретнаа во Париз во декември 2019 година, во рамки на Нормандискиот формат. Од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, немале директни разговори.
Свет
Напнатост меѓу Киев и Будимпешта по изјавите за мешање во изборите
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало Антал Хајзер, унгарскиот амбасадор во Киев, на разговор поради недамнешните изјави на високи унгарски политичари, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, за наводно украинско мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија.
Министерството упатило протест до унгарскиот амбасадор, негирајќи дека Украина се меша во унгарските избори. Притоа нагласило дека Киев решително се спротивставува на „секој обид на унгарската страна да ја вовлече Украина во унгарската изборна кампања“, оценувајќи дека таквите постапки му штетат на развојот на билатералните односи.
Украинското Министерство за надворешни работи ја повикало Унгарија „да престане со својата агресивна реторика против Украина“ со цел да се избегнат понатамошни негативни последици за билатералните односи. Воедно било наведено дека Украина и понатаму е подготвена за конструктивна соработка со Унгарија.
Во соопштението се повторени и повиците до Будимпешта да престане да ги блокира преговорите за пристапување на Украина во Европска унија, со образложение дека членството на Украина би било во интерес и на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.
Свет
(Видео) Мелони од хеликоптер го обиколи Нишеми, градот на Сицилија што го голта свлечиште
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денес го посети сицилијанскиот град Нишеми, каде што по големо свлечиште десетици куќи се наоѓаат на работ од провалија, јави Анадолу.
Поради постепеното уривање на ридот, повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани. Свлечиштето започнало во неделата навечер и продолжило да се шири и во понеделникот.
Шефот на цивилната заштита, Фабио Чичилијано, изјави дека куќите на работ од свлечиштето се ненаселиви и дека жителите ќе бидат преселени.
Мелони го прелетала погоденото подрачје со хеликоптер, по што се сретнала со локалните власти за проценка на состојбата.
Италијанската влада прогласи вонредна состојба за Сицилија, Сардинија и Калабрија, региони тешко погодени од силни бури. За итни потреби се издвоени околу 100 милиони евра, додека локалните власти ја проценуваат штетата на повеќе од две милијарди евра.

