Свет
Избори во три сојузни германски покраини
Германците гласаат во три покраини во кои на власт CDU на премиерката Ангела Меркел. Тие треба да покажат каков ќе биде односот на општите парламентарните избори кои следуваат следниот месец
Анкетите пред неделните избори покажале големо зајакнување на радикалната левица Die Linke, која се формираше со спојување на поранешните комунисти од некогашна источна Европа и дисиденмтите од SPD. Премеирката Ангела Меркел и натаму останува во водство, и анкетите прдвидуваат дека ќе може да состави влада и по парлаемнтарнит еизбори што ќе се одржат на 27 септември. Според анкетата што ја направил весникот Bild, 87 отсто од Германците сметаат дека Меркел селднито месец ќе го совои својот втор премиерски мандат.Во трите држави во кои се гласа, Сраската поркаина, Саска и Тирингија на власт е Христијанско-деморкатската унија (CDU) на Меркел. Според анкетите CDU со помош на помалите партии од коалицијата повторно ќе победи во Саска. Другата по големина германска партија Социајлни демократи (SPD) кои се во коалиција со МЕркел, имаат многу помала поддршка на гласачите и според анкетите може да претрпе пораз на парламентарните избори. Аналитичарите сметаат дека во Срската област и во Тирингија мајвероајтно ќе победи коалицијата на левите партии, SPD и Зелените. На избирачките места во трите области право нагласи имаат 6,2 милиони избирачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

