Свет
Киднаперот на Џејси можно да киднапирал и други
Филип Гаридо, монструмот што 18 години ја држеше затворена како сексуална робинка 29 – годишната Џејси Ли Дугард, осомничен е дека киднапирал уште три девојчиња, како и дека убил една петнаесетгодишна девојка
Со понатамошната исрага на полицијата, околу случајот со Дугард, која му родила и две ќерки на монструмот, постојат основани сомневања дека тој ги киднапирал и деветгодишната Михаела Гаре, тринаесетгодишната Илејн Мишелоф и четиригодишната Аманда Кембел. Девојчињата живееле во близина на монструмот, а киднапирани се кусо по неговото излегување од затвор во 1988 година, каде одлежал десет години од пресудените 50 за силување и киднапирање. Девојчињата никогаш не се пронајдени, а полицијата смета дека не е исклучена можноста и тие да се доведени во неговиот дом како што беше и Џојси, пишува The Sun. Според Daily Mail, за Гаридо е осомничен и за убиството на 15 – годишната Лиза Норел, чие тело е пронајдено во 1998 година, во напуштена индустриска зона во близина на местото каде тој работел тогаш.Форензичари деновиве ја претресуваат неговата куќа во Антиоч во потрага по нови докази и евентуални тгари што би можеле да ја наведат полицијата на траг за нови жртви. Посебно истренирани да бараат мртви тела ја пребаруваа неговата куќа, како и соседната каде тој работел како надзорник.Виш полициски надзорник во Ел Дорадо потврдил дека девојчињата се киднапирани на ист начин како и Џојси.Полицијата планира да го `преора` неговиот двор во потрага по жртви. Неговата жена Ненси е осомничена како главен соучесник во злоделата, но чуварка од затворот изјавила дека таа е спремна да соработува и да ја раскаже монструозната приказна за тоа што правел нејзиниот маж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци кои го испрашуваа Драгијевиќ
Смртта на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) со недели е во фокусот на јавноста бидејќи обдукцијата покажала дека тој починал од насилна смрт додека бил во полициски притвор. Целиот случај со насилна смрт го истражува Секторот за внатрешна контрола (СУК), кој, според неофицијалните информации побарал суспензија на тројцата полицајци кои кобниот ден го испрашувале Драгијевиќ во станица.
Откако на 1 мај Одделот за внатрешна контрола изврши увид во полицијата во Бор, а со цел да се утврдат околностите под кои почина Драгијевиќ на 7 април, надлежните од СУК и предложија на надлежната организациска единица на Управата на полицијата да се спроведе дисциплинска постапка поведена против тројца членови на Одделението за криминалистички истраги на ЈУ Бор – Д.Б, И.С и Д.П, како и да донесе решение за времено отстранување од служба.
Според неофицијалните информации Далибор Драгијевиќ бил малтретиран од полицијата од моментот кога бил приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на Данка.
Во текот на денот бил претепан од одредени припадници на полицијата, додека го носеле на различни локации за да им покаже каде е телото на двегодишното девојче, за што тврдел дека не знае.
Свет
Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти шефот на агенцијата одговорна за неговата заштита. Промената дојде откако двајца службеници на агенцијата беа приведени за планирање на атентатот на Зеленски.
Разрешувањето на шефот на Државната стражарска служба (УДО) Серхиј Руд е објавено со указ на претседателската веб-страница. Причината за отказот не беше наведена. Руд беше назначен за главен телохранител на Зеленски во октомври 2019 година. Се уште не е објавено кој ќе го замени.
Двајца полковници обвинети за предавство
Задачата на УДО е да обезбеди безбедност на украинскиот претседател и високи владини претставници, како и заштита на административните згради.
Претходно оваа недела беше објавено дека се уапсени двајца безбедносни службеници кои наводно биле вклучени во руски заговор за атентат врз Зеленски. Двајца полковници на УДО се обвинети за „субверзивни активности против Украина во замена за финансиска компензација“, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.
Двајцата беа обвинети за предавство, додека еден беше обвинет за подготовка на терористички акт.
Свет
Државната дума на Русија го именуваше Михаил Мишустин за премиер
Државната дума на Русија на пленарниот состанок усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.
За овој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, додека ниту еден од пратениците не гласаше против, пренесува РИА Новости.
Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.