Свет
Во САД упасен повеќекратен ограбувач на банки
Американското FBI уапсил маж кој е осомничен дека извршил најмалку десет грабежи на банки во четири сојузни држави за само неколку месеци
Апсењето се случило во Кингдом сити во сојузната држава Мисури, кога агентите го привеле 37-годишниот Чад Шафнер, што го извеле без инциденти. Имено, пензиониран полицаец ја известил полицијата каде се крие осомниченито откако ја видел потерницата емитувана преку телевизиските мрежи. Шефнер е осомничена за грабежи на банки во Тенеси, воружен грабеж во Илиноис, провалување во Индијана, поседување украдена стока во Охајо, поседување дрога во Мисури, и за грабежи на банки во Кентаки, Северна и Јужна Каролина.ПРетставници на FBI изјавиле дека ШЕфнер во понеделник ќе биде изведен пред судија. Дрскиот ограбувач еиднетигфикуван и уапсен откако снимка од безбедносна камера од една од банките што ги ограбил биел ставени на интерентските страници за дружење, емитувани по телевизии и објавувани во весниците.Грабежите за кои се товари почнале во мај и раеле до август. Иако во текот на грабежите никој не бил повреден, FBI о смета за многу опасен, што стоело како предупредување и на потерниците.„Тој воопшто не се обидувал да го сокрие пиштолот. Се заканувал дека ќе го употреби во секој грабеж што го извел. Пиштолот го вперувал во лицето на службениците, заканувајќи се дека ќе ги убие доколку не го послушаат. Сакавме да го упсиме пред да повреди некого.“, рекол неименуван федерален агент. Од FBI изјавиле дека Шегнер минатата година бил ослободен од затвор во Индијана, каде отслужувал казна за вооружен грабеж. Во истата сојузна држава бил осуден и за купувење нелегално оружје, провали и давање отпор при апсење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Словенечкиот премиер најави построги безбедносни мерки по убиството
Словенечкиот премиер Роберт Голоб најави засилување на безбедносните мерки и измени во казнената политика по смртта на 48-годишен маж во Ново Место, кој почина по напад, пренесе „Индекс“.
Во телевизиско обраќање, Голоб рече дека државата ќе направи сè за да ја заштити безбедноста на граѓаните, но предупреди дека „репресивните мерки нема да бидат популарни“.
Тој најави двојно зголемено полициско присуство во југоисточниот дел на земјата и рече дека сите институции – полицијата, обвинителството и судството – ќе добијат поголеми овластувања.
„Овој сторител не стана таков преку ноќ. Тој е производ на систем што не функционирал. За да го смениме тоа, ќе биде потребна цела генерација“, изјави Голоб.
Премиерот ги повика сите политички лидери да покажат одговорност и да не ја користат трагедијата за собирање политички поени.
Регион
Курти не успеа да формира влада
Лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, соопшти дека актуелната влада ќе продолжи да функционира до одржување на нови парламентарни избори, откако денеска во косовското Собрание не доби доволен број гласови за формирање нов кабинет, пренесе „Фонет“.
„Им благодарам на сите пратеници кои го поддржаа предлогот за новата влада и на граѓаните за поддршката. Бидејќи 56 гласа беа за, 52 против, а четворица воздржани, новиот мандат не може да започне. Во меѓувреме, како актуелна влада продолжуваме кон новите парламентарни избори“, напиша Курти на „Фејсбук“, пренесе „Косев“.
По гласањето, претседателот на Собранието, Димал Баџа, изјави дека одговорноста сега преминува на претседателката Вјоса Османи, која најави консултации со сите партии. Доколку не биде формирана влада, Османи ќе распише нови избори во рок од 40 дена.
Опозициските партии веќе порачаа дека нема да се обидат да формираат влада, бидејќи немаат мнозинство.
Свет
Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател на САД
Гувернерот на Калифорнија, демократот Гавин Њусом, изјави во интервју за „Си-Би-Ес“ дека сериозно размислува за кандидатура за претседател на САД во 2028 година, пренесе „Хина“.
Тој нагласи дека конечната одлука ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот во 2026 година. „Да, би лажел кога би рекол поинаку“, рече Њусом на прашањето дали планира да се кандидира.
Како што потсетува агенцијата, Њусом оваа година ја зацврсти својата позиција во Демократската партија, особено поради честите судири со актуелниот претседател Доналд Трамп.
Инаку, според Уставот на САД, Трамп нема право на трет претседателски мандат.
Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември 2026 година.
California Gov. Gavin Newsom says he’s open to a presidential run.
The Democrat and frequent Trump critic said he’ll give serious thought to a White House bid after next year’s midterms. “I’d be lying otherwise,” Newsom said, adding that “fate will determine” his decision and a… pic.twitter.com/uD8OqNrnHE
— CBS Sunday Morning 🌞 (@CBSSunday) October 26, 2025

