Контакт

Свет

Индонезиската полиција потврди дека го убила најбараниот милитант

Објавено пред

ДНК анализата потврдила дека во една рациите во куќа во близина на градот Сола оваа седмица индонезиската полиција го убила Нурдин Мохамад Топ, еден од најбараните милитанти во овој дел од Азија, пренесува Reuters

Полицијата го смета Малезиецот Нуредин Мохамад Топ за најодговорен за бомбашките напади врз хотелите Мериот и Риц-Карлтон во Џакарта, од овој јули.„Сега нема сомнение дека е убиен Топ“, изјавил портпаролот на полцијата Нанан Соекарно.Веднаш по ликвидацијата најозлогласениот малезиски исламистички терористи беше идентификуван според отисоците на прстите, но за секој случај беше направена и ДНК анализа



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Објавено кога ќе се одржи погребот на Џорџ Флојд, полицаецот префрлен во максимално обезбеден затвор

Објавено пред

Погребот на Џорџ Флојд, по чија насилна смрт започна бран на протести во САД, ќе се случи во четврток.

Информацијата ја објави гувернерот на Минесота, Тим Волц.

„Тоа ќе биде важен настан за Минеаполис и Минесота, како и за нацијата. Тој процес на славење на животот кој беше одземен пред нашите очи, е можност за издигнување и лидерство“, рече Волц.

Смртта на Афроамериканецот Флојд предизвика бран протести откако се појави видео на кое се гледа дека полициски службеник го соборува на земја и го држи со коленото приклештено врз неговиот врат, осум минути додека Флојд се жали дека не може да дише.

Полицаецот беше идентификуван како Дерек Човин од Минеаполис и во меѓувреме беше разрешен од службата и уапсен, а сега е пренесен во максимално обезбеден затвор до неговото прво појавување пред суд.

Тој е осомничен за убиство од трет степен и малтретирање, а според Би-би-си, ова е трет затвор во кој е префрлен откако беше уапсен минатиот петок, како превенција од вирусот Ковид-19, но и поради очекуваното влијание на протестите во затворите.

Првото сослушување пред судот беше преместено од денес на 8 јуни, а на Човин му е изречена кауција од 500.000 американски долари.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп во разговор со гувернерите: Мора да доминирате или ќе изгледате како група кретени

Објавено пред

Си-ен-ен јавува дека американскиот претседател, Доналд Трамп, разговарал со гувернерите на 50 држави од САД во телеконференциски повик што се одржувал од бункер во Белата куќа.

„Мора да доминирате или ќе изгледате како група кретени. Мора да апсите луѓе“, рекол тој во повикот од бункерот додавајќи дека во спротивно демонстрантите ќе ги прегазат властите, пренесува Си-ен-ен.

Претседателот исто така посочил дека целиот свет се смеел кога демонстрантите запалија полициска станица во Минеаполис.

Новинарот на „Вашингтон пост“, Робер Коста, остварил контакт со едно лице кое учествувало во повикот.

Неговиот извор му кажал дека претседателот побарал да ги користат војската и Националната гарда за борба против демонстрантите.

По бранот протести во саботата вечерта поради смртта на црнецот Џорџ Флојд, кој почина од прекумерна употреба на сила за време на апсење во Минеаполис, во голем број градови е воведен полициски час.

Вакви ограничувања има во Лос Анџелес, Чикаго, Детроит и Вашингтон, додека во југозападната држава Аризона воведен е целонеделен полициски час, откако демонстрантите излегоа на улиците и се судрија со полицијата, која користеше солзавец и гумени куршуми.

Ограничувањето на движењето, кое ќе влијае на милиони луѓе, стапи во сила во исто време со распоредувањето на повеќе од 5.000 припадници на Националната гарда, кои беа активирани во 15 држави и главниот град за поддршка на локалните сили за спроведување на законот.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Путин го одложи референдумот за измени на Уставот

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, го одобри предлогот на изборната комисија во Русија за одложување на референдумот за уставни измени за 1 јули, јавија државните медиуми.

„Тој датум е совршен“, истакна Путин одговарајќи на предлогот на изборната комисија.

На референдумот ќе се гласа за измени на уставните одредби, а доколку предлогот помине, Путин би можел да владее до 2036 година бидејќи претходните негови мандати би биле фактички избришани.

Референдумот беше закажан за 22 април, но беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Шеесет и седумгодишниот Путин, кој е на власт во Русија веќе 20 години, ротирајќи како премиер и претседател, е најдолготраен лидер на земјата уште од времето на Сталин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија4 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија5 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија6 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија6 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион8 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија8 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија9 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија9 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија10 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија10 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија10 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет11 час

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет11 час

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет22 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија24 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие