Свет
Ал Каеда со нова закана за Обама
Вториот човек на Ал Каеда, Египќанецот Ајман ал Завахири, го предупредува американскиот претседател дека муџахедините тешко ќе го поразат
Снимката во целосно траење од 106 минути и овојпат е лиферувана преку SITE Intelligence, еден од центрите кои ги следат исламистичките интернет-страници кои објавуваат соопштенија на Ал Каеда. Во видеото се појавуваат и уште неколку лица од врвот на терористичката организација, а има и кадри од заробен американски војник во Авганистан. „Се надевам дека муџахедините на исламската нација ќе ви го скршат ’рбетот, на тој начин ослободувајќи го светот од историјата на вашите злосторства, вашата тиранија и вашите лаги“, гласи пораката на Ајман ал Завахири до американскиот претседател Барак Обама. Вториот човек и според некои инспираторот на терористичката мрежа на Ал Каеда директно му се обратил на Обама – „.. САД водеа неколку војни во минатото и доживеаја порази во Виетнам и во Заливот на свињите. Но овојпат се вплеткавте во војна против исламската нација која се буди и ќе дознаете што претставува нацијата на џихадот и на мачениците“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Воен авион се урна во Русија, екипажот загина
Руското Министерство за одбрана објави дека борбениот авион Су-30 се урна за време на тренинг лет во Карелија, дел од Русија долж границата со Финска, при што загина екипажот.
Денес, околу 19:00 часот по московско време, авионот Су-30 се урна за време на планиран тренинг лет во Република Карелија, според соопштението за медиумите од Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА Новости.
Авионот се урна во ненаселена област, а летот беше извршен без муниција.
Како што е наведено во соопштението, службите за итни случаи беа испратени на местото на несреќата.
„Добив информации за падот на воен авион во областа Приоње. Испратив служби за итни случаи на местото на падот“, објави регионалниот гувернер Артур Парфенчиков на Телеграм.
Според него, двајца членови на екипажот загинаа.
Фото: принтскрин
Регион
Возач на автобус избоден, полицијата го бара сторителот: тежок напад во Љубљана
Во центарот на Љубљана, се случи напад во кој возач на градски автобус е тешко повреден со остар предмет. Напаѓачот избегал од местото на настанот пеш, а полицијата интензивно го бара, пишува 24ur.com.
Нападнатиот возач е итно пренесен во Клиничкиот центар во Љубљана. Според неофицијални информации, како што пишуваат локални медиуми, тој се здобил со тешки повреди, наводно во главата, но неговиот живот не е во опасност.
Љубљанската полиција започна обемна потрага по сторителот. Како што потврди Полициската управа во Љубљана, сите расположиви полицајци и криминалистички истражители се на местото на настанот, а над поширокото градско подрачје лета и хеликоптер.
Полицијата објави и опис на осомничениот. Станува збор за маж на возраст меѓу 35 и 50 години, висок од 180 до 190 сантиметри, со светла коса и светла брада. Во моментот на нападот, носел црвена јакна, но полицијата предупредува дека постои можност во меѓувреме да се пресоблекол.
Бидејќи станува збор за опасна личност, полицијата издаде важно предупредување до граѓаните да не ѝ му приближуваат доколку го видат, туку веднаш да ја повикаат полицијата.
Фото: принтскрин
Свет
Епидемија на колера во Африка: околу 300.000 луѓе се заразени, повеќе од 7.000 загинати
Африка се соочува со најлошата епидемија на колера во последните 25 години, соопштија во четвртокот Африканските центри за контрола и превенција на болести (CDC), наведувајќи ги лошите системи за водоснабдување и конфликтите како главни причини за проблемот.
Африканскиот CDC објави дека регистрирал речиси 300.000 потврдени и сомнителни случаи на колера и повеќе од 7.000 смртни случаи. Бројките покажуваат дека бројот на случаи на колера во Африка се зголемил за повеќе од 30 проценти минатата година.
Ангола и Бурунди се соочија со пораст на случаи на колера во последните недели поради недоволен пристап до вода за пиење, според Африканскиот CDC.
Ситуацијата се подобри во Конго, Јужен Судан и Сомалија. Перспективите за областите погодени од конфликтот остануваат загрижувачки, со брзо ширење на болеста во преполните кампови и лоши санитарни услови.
Фото: принтскрин

