Свет
САД, Кина и Русија конкуренти за програмата за ново оружје за ПРО на Турција
Програмата на Турција за ПРО која е неколку милијарди долари, го привлече вниманието на САД, русија и Кина кои за да бидат земени предвид предлагаат посебни бенифиции за купувачот, објави турскиот весник Хуриет
Американските системи можат целосно да се интегрираат со постоечкото турско вооружување додека Русија и Кина предлагаат пониски цени. „Ако Турција претпочита руски С-300 или кинески HQ-9 тоа ќе има големи проблеми со постоечките турски системи кои претежно се базирани на американска технологија“, вели аналитичар во сферата на одбраната.Според него, руските и кинески оружја не се компатибилни со системите на НАТО, а нивното приспособување заначи и дополнителни расходи.При изборот на најсоодветен кандидат Турција не бара трговска понуда во која компаниите би конкурирале директно. Наместо тоа, Анкара води во исто време владини разговори со трите држави, објави весникот. Пентагон на 9 септември го информираше Конгресот дека планира да продаде противракетни системи земја-воздух (РАС-3) за турската армија. Според американските закони, поголеми продажби на оружје неопходно е да бидат одобрени од Конгресот. Во идните неколку месеци Турција ќе одлучи дали од САД, Русија или Кина ќе ги купи неопходните системи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Осомничен се скрил во корпа за отпадоци додека бега од полицијата во САД
Општински работник во Охајо останал шокиран кога пронашол човек како се крие во корпа за отпадоци додека си ја вршел работата. Набрзо се покажало дека станува збор за осомничен кој бегал од полицијата откако не застанал на нивниот сигнал за време на сообраќајна контрола, објавува „Еуроњуз“.
Видео снимено од полициска камера на автомобилот го покажува човекот како скока од корпата и бега.
Полицајците веднаш тргнале за потера, а бегалецот ги изгубил чевлите додека бегал.
„Благодарение на импресивните атлетски способности и брзата реакција на нашиот полицаец Перез, осомничениот е безбедно уапсен“, се вели во соопштението на полицијата, пренесуваат локалните медиуми.
Свет
Австралискиот премиер по заканата од бомби: Не смееме да ја земаме безбедноста здраво за готово
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес изјави дека не ја зема својата безбедност „здраво за готово“ откако беше евакуиран од својот дом неколку часа во вторникот поради наводна закана со бомба.
Албанезе беше евакуиран од својот дом во Канбера доцна во вторникот по локално време по безбедносна закана и се врати неколку часа подоцна откако не беше пронајдено ништо сомнително, објави Ројтерс, повикувајќи се на полицијата дека нема постојана закана.
„Мислам дека е само потсетник, искористете ја секоја можност да ги предупредите луѓето и да ги намалите тензиите. Не можеме да ги земаме овие работи здраво за готово“, рече Албанезе на настан во Мелбурн денес.
Заканата со бомба беше испратена до претставник на Шен Јун, класична кинеска танцова трупа забранета во Кина, која требаше да настапи во Австралија овој месец.
Е-пошта напишана на кинески јазик и испратена до локалните организатори на групата вели дека експлозиви биле поставени околу домот на Албанезе и дека ќе бидат детонирани ако танцовата група настапи во земјата.
„Сите закани се пријавени до австралиските безбедносни служби и органите за спроведување на законот. Ги цениме преземените чекори за обезбедување на јавната безбедност и заштита на избраните функционери, вклучително и премиерот“, соопшти кинеската танцова трупа, пренесува Танјуг.
Свет
Иран за говорот на Трамп: Професионалните лажговци се добри во создавањето „илузија на вистината“
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, што ги изнесе за Иран во своето обраќање за состојбата на нацијата, се неточни и додаде дека „професионалните лажговци“ се добри во создавањето илузија на вистината.
Вака реагираше тој на изјавите на Трамп дека САД ја уништиле иранската програма за нуклеарно оружје за време на нападот во јуни минатата година, но дека Техеран „повторно“ се обидува да изгради нуклеарно оружје и дека тој нема да дозволи тоа да се случи, дека Иран веќе развил ракети што можат да ја загрозат Европа и САД и дека 32.000 луѓе биле убиени за време на неодамнешните протести.
„Повторувај лага доволно често додека не стане вистина“ е пропагандна максима измислена од нацистот Јозеф Гебелс, а сега систематски ја користат американската администрација и нејзините воени профитери, особено геноцидниот ционистички ентитет, за да ја унапредат својата подмолна кампања за дезинформација против Иран. „Сè што тврдат за нуклеарната програма на Иран, неговите балистички ракети и бројот на жртви за време на немирите во јануари не е ништо повеќе од повторување на „големи лаги“. Никој не треба да биде измамен од овие очигледни лаги“, напиша Багеи, пренесува Танјуг.

