Свет
Убиец на малолетничка преживеал смртна казна
Убиецот кој на извршување на смртната казна чекал 25 години не починал заради тоа што имал слаби вени
Ромел Брум злосторството врз Трина Миделтон го сторил точно пред 25 години, на 21 септември 1984 г., кога ја силувал и убил 14-годишната девојка. Тој требало да биде егзекутиран во вторникот во затвор во јужниот дел од сојузната американска држава Охајо, но екипата кој требала да го изврши инјектирањето на смртоносната доза ен успеала и по неколку часа да најде вена. Најмалку 12 лица повеќе од два часа се труделе да го подготват 54-годишниот Брум за смртната казна, но дури и откако лоцирале неколку негови вени тие не биел доволно цврсти да ја приамт инекцијата. Тој бил прободен 18 пати во двете раце и едната нога, но секогаш инјекцијата погаѓала коска или мускул. Екипата требаше да ја испроба постапката со физиолошки раствор, но едноставно низ неговите вени тој не минуваше“, рекла портпаролката на затворот, Џули Валбурн. Егзекуцијата ја следеле родителите и тетката на убиената Трина.Екипата за егзекуција во затворот Охајо соопштиле дека вените на убиецот не можат да ја поднесат инјекцијата. Тие сметаат дека причина за тоа би можело да биде дехидрација или претходно конзумирање дрога. Затоа гувернерот на Охајо, Тед Стрикленд привремено го одложил извршувањето на смртната казна.Според законите на Охајо, новиот датум не може да биде одреден додека државата или семејството на убиената не вложи жалба до Врховниот суд на Охајо. Но адвокатот ма Брум кој досега успеал да избегне 15 извршувања на казната, Тим Свинеј изјавил дека бидејќи државата еднаш веќе се обидела да го егзекутира, не смее да се обиде да го стори тоа уште еднаш и се надева дека сега неговиот клиент ќе добие доживотна затворска казна. Притоа адвокатот се повикува на американскиот устав и на уставот на Охајо. За него на Брум му била нанесена болка а самиот начин на егзекуција претставувало измачување до болна и бавна смрт, спротивно на тоа што требало да се случи. Инаку, Охајо е единствената држава која има пропишано дека егзекуцијата треба да се изврши брзо и безболно и не смее да трае повеќе од 18 минути. Медиумите наведуваат дека ова е првпат во историјата егзекуцијата да биде сопрена и одложена, но не и првпат да има потешкотии при нејзиното извршување со вбризгување смртоносна инјекција. Притоа се наведува примeрот од 2006 г. кога извесен Џозеф Кларк бил убиен дури по 87 минути, а некој Кристофер Њутн во 2007 г. се измачувал еден час и 53 минути.Статистичарите наведуваат дека во Охајо на извршување на смртната казна чекаат 168 лица, дека од 1999 г. се погубени 32 лица а дека во САД на егзекутирање чекаат вкупно 3.263 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Осомничен се скрил во корпа за отпадоци додека бега од полицијата во САД
Општински работник во Охајо останал шокиран кога пронашол човек како се крие во корпа за отпадоци додека си ја вршел работата. Набрзо се покажало дека станува збор за осомничен кој бегал од полицијата откако не застанал на нивниот сигнал за време на сообраќајна контрола, објавува „Еуроњуз“.
Видео снимено од полициска камера на автомобилот го покажува човекот како скока од корпата и бега.
Полицајците веднаш тргнале за потера, а бегалецот ги изгубил чевлите додека бегал.
„Благодарение на импресивните атлетски способности и брзата реакција на нашиот полицаец Перез, осомничениот е безбедно уапсен“, се вели во соопштението на полицијата, пренесуваат локалните медиуми.
Свет
Австралискиот премиер по заканата од бомби: Не смееме да ја земаме безбедноста здраво за готово
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес изјави дека не ја зема својата безбедност „здраво за готово“ откако беше евакуиран од својот дом неколку часа во вторникот поради наводна закана со бомба.
Албанезе беше евакуиран од својот дом во Канбера доцна во вторникот по локално време по безбедносна закана и се врати неколку часа подоцна откако не беше пронајдено ништо сомнително, објави Ројтерс, повикувајќи се на полицијата дека нема постојана закана.
„Мислам дека е само потсетник, искористете ја секоја можност да ги предупредите луѓето и да ги намалите тензиите. Не можеме да ги земаме овие работи здраво за готово“, рече Албанезе на настан во Мелбурн денес.
Заканата со бомба беше испратена до претставник на Шен Јун, класична кинеска танцова трупа забранета во Кина, која требаше да настапи во Австралија овој месец.
Е-пошта напишана на кинески јазик и испратена до локалните организатори на групата вели дека експлозиви биле поставени околу домот на Албанезе и дека ќе бидат детонирани ако танцовата група настапи во земјата.
„Сите закани се пријавени до австралиските безбедносни служби и органите за спроведување на законот. Ги цениме преземените чекори за обезбедување на јавната безбедност и заштита на избраните функционери, вклучително и премиерот“, соопшти кинеската танцова трупа, пренесува Танјуг.
Свет
Иран за говорот на Трамп: Професионалните лажговци се добри во создавањето „илузија на вистината“
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, што ги изнесе за Иран во своето обраќање за состојбата на нацијата, се неточни и додаде дека „професионалните лажговци“ се добри во создавањето илузија на вистината.
Вака реагираше тој на изјавите на Трамп дека САД ја уништиле иранската програма за нуклеарно оружје за време на нападот во јуни минатата година, но дека Техеран „повторно“ се обидува да изгради нуклеарно оружје и дека тој нема да дозволи тоа да се случи, дека Иран веќе развил ракети што можат да ја загрозат Европа и САД и дека 32.000 луѓе биле убиени за време на неодамнешните протести.
„Повторувај лага доволно често додека не стане вистина“ е пропагандна максима измислена од нацистот Јозеф Гебелс, а сега систематски ја користат американската администрација и нејзините воени профитери, особено геноцидниот ционистички ентитет, за да ја унапредат својата подмолна кампања за дезинформација против Иран. „Сè што тврдат за нуклеарната програма на Иран, неговите балистички ракети и бројот на жртви за време на немирите во јануари не е ништо повеќе од повторување на „големи лаги“. Никој не треба да биде измамен од овие очигледни лаги“, напиша Багеи, пренесува Танјуг.

