Свет
САД размислуваат во Авганистан да испратат уште 40 илајди војници
Вашингтон ја преиспитува својата стратегија во Авганистан, а се размислува и за дополнување на трупите со 40 илјади нови американски војници, изјавил републиканскиот сенатор Џон Мекејн
Ваквите размислувања во САД и Пентагон доаѓаат по неодамнешното известување на американската команда во Авганистан, која смета дека бунтот добива поголеми размери. „Сметам дека ова е една од најмалку чуваните тајни во Вашингтон, а станува збор за 30 до 40 илајди војници“, изјавил Џон Мејекн за телевизијата АBC. Тој инаку беше републиканскиот противкандидат на Барак Обама на минатогодишните претседателски избори. Командантот на американските и сојузничките сили во Авганистан, генералот Стенли Мекристал пред извесно време во своето известување до Пентагон побара дополнителни контигенти, но досега таа бројка не беше објавувана. Мекристал предупреди дека американската мисија ќе биде осудена на пораз као не се смени стратегијата и да се засилат американските воени редови таму.Сега во Авганистан има околу 65 илјади американски војници, а до крајот на годинава треба да ги има вкупно 68 илјади, сметајќи го и засилувањето од 21 илјада кое претседателот Обама го одобри на почетокот од 2009 г. Американскиот државен секретар за одбрана, Роберст Гејст не потврдил никаква проценка за бројката на дополнителни војници. Во недела, во разговор со новинарите на ABC и CNN тој изјавил дека очекува Белата куќа уште неколку седмици да ја преиспитува својата стратегија во Авганистан. Американските медиуми пренесуваат дека советниците на Обама жестоко се судираат меѓу себе токму по ова прашање. Потпретседателот Џозеф Бајден, како и Рахм Емануел кој е генерален секретар на Белата куќа и претседателскиот советник за национална безбедност, генералот Џејмс Џонс, се скептични околу оправданоста за воено засилување на трупите во Авганистан.Од друга страна, пак, државната секретарка Хилари Клинтон и специјалниот пратеник за Авганистан и Пакистан, дипломатот Ричард Холбрук, без резерви се залагаат за зголемување на дополнителните сили, пренесуваат американските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ушаков: Франција и Велика Британија сакаат да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје
Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Русија е запознаена со плановите на Франција и Велика Британија да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје или технологија за производство на такво оружје.
„Американците, секако, ќе бидат информирани за сè, но тие веќе знаат. Во моментов ова се коментира на сите канали. Ние ќе им го кажеме тоа конкретно“, изјави Ушаков за телевизискиот канал „Росија 1“ и додаде дека плановите на Франција и Велика Британија да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје или технологија за негово производство ќе влијаат врз ставот на Русија за решавањето на украинскиот конфликт, пренесуваат „Интерфакс“ и „Танјуг“.
Претходно денеска, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, на својот профил на „Икс“ објави дека употребата на руско нуклеарно оружје против цели во Украина, како и нуклеарни удари врз Велика Британија и Франција, би биле легални и оправдани доколку Лондон и Париз му предадат нуклеарна технологија на Киев.
Свет
Ројтерс: Иран блиску до договор со Кина за ракети кои наводно се способни да потопат носач на авиони
Иран е блиску до склучување договор со Кина за набавка на противбродски крстосувачки ракети CM-302, во момент кога САД распоредуваат значителни поморски сили во близина на иранскиот брег, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на шест извори запознаени со преговорите.
Според извештајот, договорот е речиси финализиран, но датумот на испорака сè уште не е утврден. Станува збор за супeрсонични ракети со дострел од околу 290 километри, дизајнирани да избегнуваат бродска одбрана со лет на мала висина и голема брзина.
Експерти за вооружување оценуваат дека нивното воведување би ги засилило иранските напаѓачки способности и би претставувало сериозна закана за американските поморски сили во регионот. Поранешен израелски разузнавач изјавил дека таквата способност „целосно би ги променила правилата на игра“.
Преговорите со Кина започнале пред две години, но се забрзале по минатогодишниот конфликт меѓу Израел и Иран, наведуваат изворите. Во меѓувреме, САД распоредуваат носачи на авиони, вклучително и USS Abraham Lincoln и USS Gerald R. Ford, во близина на Иран.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопштило дека не е запознаено со преговорите за продажба на ракети, додека Белата куќа не дала директен коментар. Американскиот претседател, Доналд Трамп, му дал рок на Иран за договор околу нуклеарната програма, во спротивно се заканил со „драстични мерки“.
Свет
Обилни дождови во Бразил: Најмалку 14 загинати, 440 раселени
Најмалку 14 лица загинале, а 440 се раселени откако обилни дождови го погодиле југоисточниот бразилски град Жуис де Фора, соопштија локалните власти.
Дождовите предизвикале поплави и свлечишта, а наставата во општинските училишта е прекината. Властите мобилизирале специјализирани тимови за помош и потрага по исчезнати лица. Градот, кој се наоѓа во сојузната држава Минас Жераис, прогласил состојба на катастрофа.
Локалните власти наведуваат дека ова е најврнежливиот февруари во историјата на градот, со двојно повеќе врнежи од очекуваното. Националниот институт за метеорологија издал предупредувања за обилни дождови во делови од 14 сојузни држави, вклучително и Рио де Женеиро.

