Свет
Чуварите штрајкувале, полицајците на рагби, а затворениците бегале
Повеќе од педесетина затвореници на Папуа Нова Гвинеја побегнале од затворот бидејќи затворските чувари не дошле на работа, а полицајците следеле рагби натпревар, пренесоа новинските агенции
Повеќето од 54-те затвореници се’ уште се во бегство од затворот Бомана крај градот Порт Морезби, а фатени се 22. Додека локалната полиција била зафатена со обезбедување на австралискиот и неговито домаќин на рагби натпреварот меѓу Папуа Нова Гвинеја и Австралија, затворениците со ножици ги исекле шесте заштитни огради и избегале. „Станува збор за лица кои се затворени за убиства, силувања и грабежи. Затоа ги сметаме за многу опасни“, изјавил полциискиот службеник Фред Јакаса. Бегството било откриено по неколку часови, бидејќи повеќето затворски чувари кои се спорат за нивните плати не дошле на работа. Постојат сомневања дека службеник во затворот ги набавил ножиците со кои биле исечени жиците на оградата за кои не се кажува дали биле под напон. Во затворот инаку имало 600 до 700 затвореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

