Свет
Хитлер имал пломби од златото вадено од забите на убиените Евреи

Нацистичкиот водач по чија замисла се спроведуваше геноцидот на Евреите во Втората светска војна, имал златни пломби земени од еврејските логораши, пренесува Telegraph
Ова е теоријата која е содржана во поголемо издание за нацизмот и се темели на новооткриени документи според кои овие информации ги забележал личниот стоматолог на Адолф Хитлер, во книгата наслов „Бил ли Хитлер болен?“. Стоматологот Хуго Блашке имено забележал дека имал на располагање педесет килограми злато кое во 1941 г. дошло од концентрационите логори и дека десет златни пломби изработени од тоа злато ги употребил за поправка на забите на Хилтер во 1994 г. Двајцата автори, докторот Хенрик Еберле и Ханс-Јоаким Нојман, професор по медицина на Берлинскиот универзитет, се повикуваат на писмо од асистентот на стоматологот Блашке, кој до канцеларијата на Хајнрих Химлер во 1941 г. Побарал 50 килограми злато за стоматолошките потреби кои би ми траеле со години“.„Златото најверојатно доаѓало од извори кои Блашке ги имал во логорите. Повеќето од тоа им припаѓало на Евреите. Златото во тоа време многу тешко можело да се најде во Германија“, тврди др. Еберле.Авторите на книгата категорично отфрлаат некои од досегашните митови, како што се дека Хитлер имал еврејско потекло, дека бил злоставуван во детството од неговиот татко или, пак, дека бил зависник од дроги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Свет
Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели.
Во разговор со новинарите денес, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, се осврна на пораката од самиот Трамп во која се вели:
„Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност преговорите да се случат или да не се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да одам или не во следните две недели.“
Ливит додаде дека „кореспонденцијата со Иран продолжува“.