Свет
Седумнаесет загинати во Пакистан во напади врз полицијата
Најмалку 17 лица се убиени во два одвоени напада врз пакистанските полицајци, јавија во четврток светските агенции
Пет лица се убиени во напад на вооружени напаѓачи врз командата на полицијата на Сојузната разузнавачка агенција (FIA) во градот Лахоре. Еден од напаѓачите бил убиен а се’ уште нема прецизни информации дали нападот се случил внатре во зградата и дали повторно имало заложничка криза, јавува репортерот на Reuters. Во истиот град утрово била нападната и полициската академија, но нема никакви информации за жртви.Кусо време пред овие напади во градот Кохат, бомбаш-самоубиец активирал експлозивна направа пред полициска станица, при што загинале десет лица, меѓу кои има и деца, соопштиле полициски извори. Се претпоставува дека овие напади на исламистичките бунтовници во кои загинаа стотина лица се во серијата напади врз полициски и армиски згради, како одмазда за офанзивата што пакистанската армија ја презема против талибаните во северозападната провинција Јужен Вазиристан долж границата со Авганистан. Во овој планински племенски регион се наоѓаат добро утврдени упоришта на талибаните и исламистичките милитанти кои се поврзани со терористичката Ал Каеда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.
Свет
(Видео) Огнено торнадо снимено во Лос Анџелес
Огнено торнадо е забележано во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес, феномен предизвикан од силните ветрови во област која веќе пет дена е загрозена од големи пожари.
Катастрофалните пожари веќе однесоа животи на најмалку 16 луѓе и уништија повеќе од 10.000 згради.
Феноменот е снимен недалеку од елитната населба Пацифик Палисадес, една од најтешко погодените од пожарите, објави Дејли Меил.
Иако денеска состојбата на терен е нешто поповолна, уште најмалку три пожари не се ставени под контрола. Најновата снимка покажува огнено торнадо кое се формира додека пламените јазици се приближуваат до долината Сан Фернандо.
Sky5 was overhead of two #FireTornados along the northern flank of the #PalisadesFire. pic.twitter.com/byBTw0Pexm
— KTLA (@KTLA) January 11, 2025
Огненото торнадо е ретка појава која се јавува кога пожар со турбулентни ветрови создава огнен вител, придружен со пепел и чад.
Владата сè уште не објави проценки за штетите, но приватните фирми проценуваат дека таа ќе се искачи на десетици милијарди долари.
Јавното здравство на округот Лос Анџелес издаде наредба за јавно здравје, во која се наведува дека пожарите „сериозно го нарушиле квалитетот на воздухот и претставуваат непосреден и долгорочен ризик за јавното здравје“.
Регион
Втор круг претседателски избори во Хрватска
Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Во трката се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската Социјалдемократската партија СДП и Драган Приморац, кого го кандидира владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Во првиот изборен круг, одржан на 29 декември, Милановиќ освои 49,1% од гласовите, додека за неговиот противкандидат Приморац гласаа 19,35% од гласачите.
Хрватските гласачи, околу 3,8 милиони, ќе гласаат на 6 755 избирачки места во земјата и во странство.
Предизборните анкети предвидуваат убедлива победа на актуелниот претседател, а се очекува и поголема излезеност.
Во првиот круг на гласање излегле 46,02 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.