Свет
Американските и српските агенти запленија три тони кокаин

Во заедничка акција на американската агенција за борба против дроги DEA и српската полиција во четврток навечер е прекинат значаен криумчарски синџир
Заплената на 2,8 тони кокаин се случила во водите на Атлантикот, на еден од патиштата за шверцување дроги од Јужна Америка кон Европа.Белградски Blic повикувајќи се на полициски извори наведува дека како продолжение на заедничката акција на американските и српските агенции, во Србија и во Европа се одвива широка акција на апсење на криминалци инволвирани во овој голем шверцерски канал. Според весникот, српските државјани во неколку европски градови се јавуваат како организатори на криумчарењето на кокаинот. Дрогата била наменета за западноевропскиот пазар и со голем чистина, па неговата цена се на улиците се проценува на 250 милиони евра. Од DEA од порано предупредуваа дека Србија е еден од главните канали за подмирување на европскиот пазар со кокаин од Јужна Америка и хеорин од Турција. Во петокот за истиот западноевропски пазар беа откриени шест пакета со 200 килограми кокаин кои биле сокриени на бродот на дното од контејнер со банани. Пратката беше откриена во јужното италијанско пристаниште Џиоа Тауро крај Реџо ди Калабрија а испратена од Еквадор. Неговата пазарна вредност е проценета на околу 24 милиони евра.Дрогата била откриена во заедничка акција на италијанската царина и финансиската полиција во рамките не редовни засилени контроли на веќе познатите меѓународни рути за криумчарење дроги од Јужна Америка кон Западна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо: Ако сакате да живеете со волци, мора да завивате со нив

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската комисија ѝ понудила на неговата земја „гаранции“ во врска со планираното прекинување на испораките на руски природен гас во ЕУ, во замена за гласање за 18-тиот пакет санкции против Русија.
Фицо објави дека ќе испрати писмен предлог на ЕУ до лидерите на сите политички партии во Словачка и дека чека нивен одговор, но не ги прецизираше деталите за овие гаранции, пренесува TASR.
Тој потсети дека Словачка нема да гласа за пакетот санкции, кој бара едногласна поддршка од сите земји-членки на ЕУ, освен ако Комисијата не ѝ даде барем минимални гаранции за тоа како да се справи со последиците од нејзиниот „демагошки и штетен“ предлог за запирање на протокот на руски гас од 1 јануари 2028 година.
„Опсесијата со Русија е толку голема што немаме шанса да извршиме притисок врз Комисијата да го повлече својот предлог за гасот. Да не зборуваме дека ЕК ќе го протурка овој предлог дури и ако гласаме против него сто пати, што го сакаме. Никогаш нема да гласаме за оваа лудост на Комисијата“, објави словачкиот премиер.
Фицо, исто така, изјави дека спорот не може да се добие „со 100% резултат“, но не може ниту да се изгуби.
„Ако сакате да живеете со волци, мора да завивате со нив. Ова е, за жал, суровата реалност на сегашната унија. Затоа, мора да се бориме до крај за прифатлив компромис“, рече премиерот на Словачка.
Тој истакна дека гласањето за 18-тиот пакет санкции треба да се одржи денес или во наредните денови.
„И покрај фактот дека многу би сакал што побрзо да го завршам ова тажно поглавје од работата на ЕК, сепак ја задржувам опцијата дека нема да го поддржиме 18-тиот пакет санкции. Ова ќе биде циркус и уцена за европски средства и обид за соборување на легитимната словачка влада и нејзина замена со послушна Словачка. Но, дури и ваквите самодеструктивни битки понекогаш имаат длабоко морално значење“, рече Фицо.
Во јуни, Европската комисија го претстави својот 18-ти пакет санкции, кој вклучува нови ограничувања за рускиот енергетски и банкарски сектор. Санкциите важат и за трансакции поврзани со проектот Северен тек.
Словачка бара компензација од ЕК или исклучок од мапата на патот RePower на ЕУ за постепено отстранување на руските енергетски извори во замена за поддршка на 18-тиот пакет санкции против Русија.
Свет
Германскиот министер за одбрана со порака до производителите на оружје: Престанете да се жалите и произведувајте

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус им порача на производителите на оружје да престанат да се жалат и да преземат одговорност за постигнување на целта за зајакнување на европската одбрана.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој рече дека владата веќе инвестирала стотици милијарди евра и дека индустријата сега мора да ги исполни очекувањата.
Германија планира да ги зголеми годишните трошоци за одбрана на 162 милијарди евра до 2029 година, што е за 70% повеќе од оваа година.
Писториус призна дека сè уште има доцнења во испораките и ја нагласи потребата од зголемување на капацитетот во производството на муниција, беспилотни летала, тенкови и друга опрема.
Тој, исто така, ги отфрли предлозите за заедничко задолжување на ЕУ за воени цели, критикувајќи ја идејата, одговорните земји да плаќаат за неактивноста на другите.
Зборувајќи за помошта за Украина, тој потврди дека Германија нема да испрати дополнителни системи „Патриот“, ниту ракети „Таурус“, бидејќи сопствените залихи се премногу ниски.
Писториус најави долгорочни договори за снабдување со воена опрема за да се обезбеди редовна модернизација и ја потврди поддршката за испраќање постојана германска бригада во Литванија.
Тој истакна дека балтичките земји и Полска се новото „источно крило“ на НАТО и дека Германија мора да биде подготвена да одговори на заканите, вклучително и директна борба со Русија во случај на напад.
Свет
Медведев за ултиматумот на Трамп: На Русија не ѝ е гајле

Најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можното воведување 100% царини за стоки увезени од Русија претставуваат „театарски ултиматум“ што ја разочара воинствената Европа, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Трамп објави театарски ултиматум до Кремљ. Светот се стресе во очекување на последиците. Воинствената Европска Унија беше разочарана. На Русија не ѝ е гајле“, рече Медведев во објава на мрежата „Икс“.
Во понеделникот, Трамп постави ултиматум до Москва да постигне мировен договор во рок од 50 дена. Во случај тоа да не се случи, тој се закани дека ќе воведе 100% царини за увоз на руска стока, заедно со секундарни царински давачки за земјите што купуваат нафта, гас и други енергетски производи од Русија.
Американскиот претседател, исто така, рече дека САД и ЕУ постигнале договор за испраќање американско оружје во Киев, чии трошоци ќе ги покрие Европа.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија очекува Киев да предложи време за следната рунда преговори, но дека Киев очигледно не брза.