Свет
При експлозија во Белфаст повредена една жена
Жителите на Источен Белфаст утринава ги преплашила гласна експлозија во која била повредена и една жена, јавиле тамошните медиуми
Бомбата била поствена под автомобилот на повредената 38-годишна девојка, која била во врска со полицаец. Експлозивната направа го разнела предниот дел од нејзината „мазда”, а поради здобиените повреди девојката била пренесена во болница. Набрзо на местото на експлозијата пристигнала и специјална единица за експлозиви, а местото го надлетувале и полициски хиликоптери. Иако не сакале да откријат детали за инцидентот, полициските извори неофицијално се сомневаат дека експлозијата ја подметнале дисиденти.„Иако во моментов постојат многу верзии, голема е веројатноста дека нападот го извршила дисендистичка организација, која неодмна се отцепила од ИРА, па сега сака да докаже дека е сподготвена на се’, само да ги оствари своите цели“ рекол лорд Волас Браун, од градската управа на Источен Белфаст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Еруптира вулкан на Хаваите
Вулканот Килауеа на Хаваите еруптирал на Бадник, при што фонтаните од лава достигнувале висина до 427 метри. Шестчасовната ерупција се одвивала во кратерот Халемаумау на Големиот остров, а била регистрирана од камерите на Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува USA TODAY.
On the first anniversary of the start of the current summit eruption (Episode 1), lava is fountaining once again at Kīlauea (Hawaiʻi ) — Episode 39 has begun!
The episode began at about 8:10 p.m. HST. Both the north and south vent are fountaining. As of about 8:45 p.m., lava… pic.twitter.com/kxO7Lf7NsI
— USGS Volcanoes🌋 (@USGSVolcanoes) December 24, 2025
Ерупцијата почнала вечерта на 23 декември и завршила рано наутро на 24 декември по локално време. Активноста можела да се следи во живо преку онлајн-камери.
Килауеа, кој се наоѓа во Националниот парк „Хавајски вулкани“, е еден од најактивните вулкани во светот. Ова е 39-та регистрирана ерупција годинава, наведуваат научниците.
Фото: pexels
Свет
Руте не се согласува со предлозите за европско НАТО без САД
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Европската Унија не треба целосно да стане независна од Соединетите Американски Држави кога станува збор за одбраната, и покрај очекувањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да преземе поголема одговорност и да вложува повеќе средства.
Во интервју за германската агенција dpa, Руте истакна дека е „апсолутно уверен“ оти САД остануваат целосно посветени на НАТО. Тој посочи дека европските земји ќе трошат повеќе за одбраната и ќе преземат поголема улога, но нагласи дека тоа треба да се прави заеднички со САД.
Руте потсети на самитот на НАТО во Хаг, одржан во јуни, каде што сојузниците се согласија постепено да ги зголемат одбранбените трошоци на 5 отсто од БДП до 2035 година, оценувајќи го тоа како значаен надворешнополитички успех на Трамп.
Осврнувајќи се на повиците Европската Унија да се развие во „европски НАТО“, Руте изјави дека не се согласува со таквиот пристап, нагласувајќи дека НАТО и Европа не се сведуваат само на ЕУ. Тој посочи дека 23-те земји членки на ЕУ во НАТО сочинуваат околу една четвртина од економскиот капацитет на алијансата, додека „75 проценти од економскиот ефект е надвор од ЕУ“, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Норвешка, Канада и САД.
Фото: Depositphotos
Свет
Белорускиот министер за одбрана предупредува: Зборовите на Западот не се блеф
Западните земји активно се подготвуваат за евентуални воени дејствија, изјави белорускиот министер за одбрана Виктор Хрењин.
Како што рече, безбедносната ситуација во регионот може да се окарактеризира како напната и сè повеќе склона кон радикализација, што, според него, јасно се одразува во однесувањето на соседните држави на Белорусија. Хрењин истакна дека овие земји не покажуваат подготвеност да преземат мерки за намалување на воените тензии, туку, напротив, јавно зборуваат за подготовки за војна.
„Дејствијата на лидерите на соседните земји укажуваат – и тие не го кријат тоа – дека насекаде може да се чуе: „Се подготвуваме за војна“.
Тој изрази уверување дека западните земји навистина спроведуваат конкретни подготовки за можен вооружен конфликт, што, како што оцени, дополнително ја влошува целокупната безбедносна клима во Европа.
Изјавите на белорускиот министер доаѓаат во контекст на неодамнешните пораки од западните политички и воени кругови. На 11 декември, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика земјите-членки на Алијансата да се подготват за можна војна со Русија. Пред тоа, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека лидерите на земјите-членки на Европската унија планираат да постигнат целосна борбена готовност до крајот на тековната деценија, потсетуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

