Свет
Уште 11 деца умреле од свински грип во САД

Центарот за надзор и превенција на боолестите (CDC) од Атланта во петок соопшти дека минатата седмица уште 11 деца умреле од новито вирус на ссвионскито грип од типот A(H1N1)
Американската епидемиoлошка служба на САД прдупредува дека ова е неообичаено висока бројка на смртност во однос на поранешните сезони на грип. Од 86 деца кои кои умреле во САД откако се јави нивиот вид грип во апрл годинава, дури 43 се забележени во септември и во почетокот на октомври.Во соопштението се забележува дека претходните години CDC известувал за 40 до 50 смртни случаи кај деца во текот на целата сезона на грип, па се вели дека ситуацијата е аларамнатна бидејќи не се знае колку долго ќе трае епидемијата на свинскиот грип и дека до крајот на октомври ќе пристигна помалку вакцини од очекуваните. Во САД грипот се раширил во 41 држава, а околу шест отсто од сите лекарски прегледи се во врска со симптоми на грипот, процент кој се достигнува на крајот од ноември.До крајот на октомври низ САД ќе бидат распределени 20 до 30 милиони дози вакцини,а се очекуваа 40 милиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Страшна борба меѓу крузер и огромни бранови: патниците од силината на ударите паднале на подот

Одењето на крстарење околу Кејп Хорн во Јужна Америка изгледало како идеална можност за одмор за повеќе од 135 туристи. Тие се впуштија во голема авантура на бродот „Ocean Explorer“ од компанијата Quark Expeditions.
Меѓутоа, патниците ги пречекало невреме и бранови високи 11 метри, за време на патувањето низ познатиот премин Дрејк, пишува Daily Mail.
Познатата блогерка Лесли Ен Марфи снимила застрашувачки снимки од брод кој минува низ огромни бранови.
Таа проценува дека биле високи меѓу 10 и 11 метри, а на видеото се гледа како тие поминуваат преку палубата и удираат во прозорците на бродот.
На видеото, кое беше објавено на Инстаграм , се гледаат неколку патници згрчени во близина на големите прозорци додека брановите немилосрдно удираат.
Во исто време кога пенестата бела вода удрила врз луксузниот брод, предизвикувајќи тој да се ниша лево-десно, луѓето изгубиле рамнотежа и паднале.
Во еден кадар, група патници трчаат од страна на страна додека крстаречкиот брод се ниша во силните струи.
„Горд сум што можам да кажам дека не преживеавме еден, туку двајца шеици Дрејк! За контекст, преминот Дрејк е водното тело помеѓу врвот на Аргентина и Антарктикот “, објасни блогерката, додавајќи „познато е по екстремно бурните води. Ако имате среќа, ќе го добиете Дрејк Лејк. Ако сте како нас, ќе го добиете Дрејк Шејк со бранови од 11 метри“.
Свет
Противниците на Трамп денеска на масовни протести низ САД

Околу 1.200 демонстрации се планирани денеска ширум САД, а организаторите очекуваат тоа да биде најголемиот ден на протести против американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот сојузник Илон Маск, објави Ројтерс.
Протестите наречени „Одземени раце“ ќе им дадат можност на противниците на Трамп да го изразат своето незадоволство од надворешната и внатрешната политика на Трамп на САД, наведува агенцијата.
„Ова е масовен протест кој испраќа многу јасна порака до Маск, Трамп, републиканските конгресмени и сите сојузници на движењето Направете ја Америка повторно голема (MAGA) дека не сакаме нивните раце во нашата демократија, заедници, училишта, пријатели и соседи“, рече Езра Левин, ко-основач на Indivisible, една од групите што ги организираа настаните овој викенд.
Според податоците од веб-страницата на настанот, околу 150 активистички групи се пријавени за учество.
Планирани се протести во сите 50 држави, како и во Канада, Британија, Франција, Германија, Мексико и Португалија.
Најголемите собири се очекуваат на Националниот плоштад во Вашингтон.
Групите кои се противат на обновената воена акција на Израел во Газа и акциите на администрацијата на Трамп против протестите во кампусите ќе учествуваат и на протестите во Вашингтон, објавија организаторите, пренесува Танјуг.
Свет
Во Мјанмар се регистрирани 81 последователен потрес, од кои најсилниот бил со јачина од 7,5 степени

Според податоците на Министерството за метеорологија и хидрологија на Мјанмар, од разорниот земјотрес на 28 март до денес, во таа земја се регистрирани 81 последователен потрес, со јачина од 2,8 до 7,5 степени според Рихтеровата скала, јави Ксинхуа.
Тие потреси следеа по земјотресот со јачина од 7,7 степени што го погоди Мјанмар на 28 март во 12:51 часот. локално време.
Бројот на загинатите во земјотресот се искачи на 3.354, додека 4.850 лица се повредени, а 220 се водат како исчезнати, јавија утринава локалните медиуми.