Свет
Талибаните возвраќаат на пакистанската офанзива
Милитанти во недела се судрија со пакистански војници кои напредувале кон нивно главно упориште и свето мест во близина на авганистанската граница Армиски извори изјавиле дека се соочуваат до далеку поголем отпор отколку при претходните борби со групи на Ал Каеда и талибаните
Офанзивата во поровинцијата Јужен Вазиристан е преземена под притисок на САД, кои стравуваат дека муџахедините во Пакистан планирале нови терористички напади на Запад и можноста тие да дојдат до нуклеарниот арсенал на државата, велат пакистански воени извори. „Милитантите даваат многу жесток отпор на секоја акција и движење на војските“, изјавил локален жител за Associated Press во градот Мир Али, каде што се воделе жестоки борби. Тој и неговиот пријател пристигнале во градот во недела утрото отако патувале цела ноќ бегајќи од борбите. Во борбите во областа Сарваки загинале еден војник и седум бунтовници, изјавиле разузнавачки извори. Официјално, пакистанските власти потврдија дека во саботата на првиот ден од офанзивата, биле убиени пет нивни војници и 11 бунтовници. Стратегијата на пакситанската армија ќе се потпира главно на воздушни напади и артилериски оган врз позициите на милитантите во високите планински предели, изјавиле воени извори. Офанзивата се води против околу десет илјади милитанти и околу 1.500 странски борци, повеќето од нив од Централна Азија, кои контролираат околу 3.310 квадратни километри, односно половина од провинцијата Јужен Вазиристан каде се сокриени борците лојални на нивнито водач Бејтулах Мехсуд, кој беше убиен во американски ракетен напад во август. Официјални лица изјавиле дека се предвидува офанзивата да трае два месеца. Според хуманитарните организации, околу 150 илјади цивили ја напуштиле последниов месец оваа провинција на границата со Авганистан, а се претпоставуа дека уште 350 илјади се’ уште се обидуваат да излезат од таму. Сепак, пакистанските власти не очекуваат голема бегалска криза како онаа во април при офанзивата во провинцијата Сват. Во текот на последните три месеца, пакистанските воздухопловни сили постојано бомбардираа цели за кои се верува дека се упоришта на талибаните каде го кријат оружјето, а армијата соопшти дека ги затворила сите правци од кои талибаните би можеле безбедно да се повлечат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.