Свет
Експлозија во Тајланд, поврдени 28 лица

Повеќе од 20 луѓе се повредени при експлозија во супермаркет на југот на Тајланд, а се претпоставува дека бомбата била активирана со мобилен телефон
Бомбата била сокриена во моторцикл во маркет во Јала. Тоа е град каде најдоминатно е муслиманско население и се наоѓа на граница со Малезија.
Сведоците изјавиле дека пред да се случи експлозијата, двајца 30 до 35 годишни мажи облечени во црни маички и капи, го паркирале моторциклот во близина на маркетот.
Според агенцијата Банког Пост, бројот на повредени во експлозијата бил 24 лица, додека останатите медиуми објавуваат дека во 28 повредени лица имало и тројца полициски службеници.
Според првичните информации, бомбата била активирана преку мобилен телефон. Локалната полиција ги блокирала сите телефонски сигнали поради стравување за други експлозии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Најмалку девет лица загинаа во пожар во Дом за стари лица во близина на Бостон

Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во пожар што избувна во Дом за стари лица во областа на Бостон синоќа, соопштија властите.
Околу 70 лица живееле во Центарот за помош во Фол Ривер, Масачусетс. Пожарот избувнал околу 21:30 часот, изјави портпаролот на противпожарната служба, Џејк Ворк.
Breaking overnight near Boston
Mass-casualty incident in Fall River, Massachusetts after deadly fire rips through nursing home several deaths have been reported with many injuries including 5 firefighters prayers for the families and first responders 🙏— Chris from Massachusetts AKA TommyboyTrader (@autumnsdad1) July 14, 2025
Околу 50 пожарникари учествувале во гаснењето, од кои петмина биле полесно повредени. Градот отворил привремено засолниште за жителите на домот.
Многумина се во болница, а едно лице е во критична состојба. Несреќата е под истрага.
Свет
Песков: Русија е подготвена за третата рунда преговори со Украина

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека руската страна е подготвена да ја одржи третата рунда директни преговори со Киев.
– Очигледно е дека Киев не брза. Сè уште чекаме предлози за временската рамка – рече тој на прес-конференцијата, пренесува Ведомости.
Прес-секретарот на рускиот лидер постојано изјавуваше дека Русија е подготвена за преговори со Украина и дека прашањето за датумот „останува отворено“.
– Штом ќе се договорат датумите, и се надеваме дека тоа ќе се случи, веднаш ќе го објавиме – рече Песков минатата недела, истакнувајќи дека процесот на подготовка за следната рунда преговори е во тек и дека руската страна чека Украина да ги предложи датумите.
Во мај, Русија и Украина одржаа две рунди директни преговори во Истанбул, за прв пат по три години. Првата средба се одржа на 16 мај, втората на 2 јуни.
На последниот состанок беше постигнат договор за размена на тешко ранети и тешко болни затвореници и војници под 25 години според формулата „сите за сите“. Москва, истотака, му предаде на Киев 6.000 тела на загинати војници и офицери. Резултатот беше размена на затвореници.
Русија, исто така, му ги предаде телата на загинатите украински војници на режимот во Киев. Покрај тоа, страните разменија нацрт-меморандуми за решавање на конфликтот.
Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија е подготвена за третата рунда преговори со Украина.
На 13 јули, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Сергеј Кислица, изјави дека форматот на преговорите во Истанбул со Русија „практично се исцрпил“.
Свет
Украинскиот министер за одбрана: Подготвени сме за примирје, но градиме силна одбрана

Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, објави дека во Киев имал состанок со американскиот претставник, генерал Кит Келог, за време на кој, како што изјави, бил остварен значаен разговор за постигнување „одржлив и праведен мир“.
Умеров им се заблагодари на САД за поддршката, истакнувајќи дека тоа спасува животи и го приближува крајот на војната. Посебен фокус на разговорите беше ставен на соработката во областа на одбранбената индустрија, вклучително и локализацијата на производството на оружје во Украина и Европа. Некои проекти веќе се во тек, додека други се подготвуваат, додаде министерот.
Заменик-министерот Серхиј Бојев изјави дека Украина е подготвена за долгорочно примирје, но дека безбедноста мора да се потпира на силна армија и одбранбена индустрија.
Умеров, исто така, нагласи дека Украина има уникатно борбено искуство, особено во употребата на беспилотни летала, и дека е подготвена да го сподели тоа знаење. Некои големи иницијативи би можеле да вклучуваат европски партнери или финансирање преку замрзнати руски средства.
Беа дискутирани и санкции. Умеров нагласи дека рускиот енергетски сектор останува клучен извор на финансирање на војната и дека тој треба систематски да се ограничи.
Украинската страна беше информирана и од Врховниот командант на вооружените сили, Олександр Сирски, началникот на Генералштабот, Андриј Хнатов, и началникот на воената разузнавачка служба, Кирило Буданов, а на американската страна ѝ беше презентирана оперативната ситуација, непријателските планови и проценките за руските подготовки за поширока војна – не само против Украина, туку и против НАТО.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави испраќање на „многу софистицирана“ воена опрема во Украина.
Како што објави американскиот портал Аксиос, веројатно е дека на Украина ќе ѝ биде испратено не само одбранбено оружје како што е системот Патриот, туку и офанзивно оружје, вклучувајќи ракети со долг дострел со кои Украинците ќе можат да напаѓаат цели во Москва.