Свет
Рен: Потребни се добри односи меѓу Русија и Србија
Европскиот комесар Оли Рен смета дека добрите економски и политички односи помеѓу Србија и Русија можат да бидат само корисни за цела Европа
Рен го изјавил тоа на расправата за „Поуките од проширувањата на ЕУ за нејзината идна политика за спојување“ во Центарот за европска политика на прашањето како гледа на некои оцени дека Русија со јакнењето на односите со Србија ќе ги зацврсти своите стратешки интереси на Балканот и во Европа.
Рен нагласил дека „кога станува збор за Србија и нејзиното место во Европа, односите со ЕУ и НАТО, Руската федерација мисли дека тоа не е бескорисно“.
„А тоа се однесува и на другите земји, како на пример на Украина“- додал тој.
Европскиот комесар изјавил дека е „потполно возможно дека за доброто на Србија и останатите е Србија да биде што е можно повеќе вмешана во Европската Унија, како политички така и економски, а истовремено да ги одржува пријателските, трговските, економските и политичките врски со Руската Федерација“.
Рен укажал на фактот дека одличен пример за такви односи постои и во самата Европска унија.
Тој укажала на тоа дека Финска е потполно политички вградена во ЕУ, членка е на евро зоната и „шенгенскиот простор“, што многу допринесува за мировните операции ЕУ и УН, а воедно има доста добри трговски, економски и други врски со Русија.Рен истакнал дека тоа е „ситуација од општа корист“ и „за доброто на сите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска повторно отвора два гранични премини со Белорусија
Полска повторно отвори два главни патни премини на границата со Белорусија, години откако беа затворени поради влошување на односите меѓу двете земји.
Полските власти денес на полноќ повторно ги отворија контролните пунктови на патиштата Кузница и Бобровници.
Според новата одлука, преминот Кузница – Брузги ќе дозволува само патнички возила, освен автобуси, додека преминот Бобровници – Бјерестовица ќе дозволува премин на автомобили, автобуси и камиони, објавува ТВП Ворлд.
Фото: принтскрин
Свет
Писториус: Некои воени историчари веруваат дека го имавме последното мирно лето
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека војната може да избувне меѓу Северноатлантската алијанса и Русија во наредните години.
„Секогаш сме велеле дека ова може да се случи во 2029 година. Сепак, сега има и други кои велат дека тоа може да се случи уште во 2028 година, а некои воени историчари дури веруваат дека го имавме последното мирно лето“, рече Писториус во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Писториус, исто така, тврди дека вооружените сили на земјите од НАТО мора да бидат уште подобро опремени за можни борбени операции против Русија, пренесува Спутник.
Претставничката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше оваа изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Сега нема сомнение кој е агресорот“, изјави таа.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција
Украина ќе увезува гас од Грција за да обезбеди снабдување со енергија за претстојната зима, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски, по средбата во Атина со грчкиот претседател Константинос Тасулас и премиерот Киријакос Мицотакис, изјави дека договорот ќе обезбеди уште еден пат за снабдување со гас со цел да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе.
Договорот ќе покрие речиси две милијарди евра потребни за увоз на гас за да се компензираат загубите во украинското производство предизвикани од руските напади, изјави украинскиот претседател, пренесува Политико.
Украина подготвува договор со Франција за зајакнување на борбената авијација, воздушната одбрана и другите одбранбени капацитети, изјави Зеленски.
Фото: принтскрин

