Свет
Франција ќе плати оштета за бавната истрага околу смртта на Дајана
Франција треба му исплати 5.000 евра отштета на египетскиот милијардер Мохамед ал Фајед заради бавната истрага за смртта на принцезата Дајана и неговиот син Доди ал Фајед
Ваквата одлука ја донесе судот во Париз, кој што пресуди дека лошо спроведената истрага е причина што процесот траел речиси две години и ја прогласи државата Франција за одговорна.Мохамед ал Фајед, сопственик на познатата лондонска трговска куќа Херодс, побара милион евра отштета откога се придружи на обвинението кое што против судските истражители го поднесоа родителите на Хенри Пол, возачот на Ал Фајед и принцезата Дајана.Родителите на возачот го отфрлија заклучокот дека нивниот син бил под влијание на алкохол, но нивната тужба беше отфрлена. Египетскиот милијардер ја обвини и установата за судска медицина заради лошо извршената обдукција на телото на Хенри Пол. Парискиот суд призна дека постојат некои грешки, но утврди дека тие не биле пресудни за утврдување на вистината.Доди ал Фајед и принцезата Дајана загинаа во 1997 г. во сообраќајка во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска повторно отвора два гранични премини со Белорусија
Полска повторно отвори два главни патни премини на границата со Белорусија, години откако беа затворени поради влошување на односите меѓу двете земји.
Полските власти денес на полноќ повторно ги отворија контролните пунктови на патиштата Кузница и Бобровници.
Според новата одлука, преминот Кузница – Брузги ќе дозволува само патнички возила, освен автобуси, додека преминот Бобровници – Бјерестовица ќе дозволува премин на автомобили, автобуси и камиони, објавува ТВП Ворлд.
Фото: принтскрин
Свет
Писториус: Некои воени историчари веруваат дека го имавме последното мирно лето
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека војната може да избувне меѓу Северноатлантската алијанса и Русија во наредните години.
„Секогаш сме велеле дека ова може да се случи во 2029 година. Сепак, сега има и други кои велат дека тоа може да се случи уште во 2028 година, а некои воени историчари дури веруваат дека го имавме последното мирно лето“, рече Писториус во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Писториус, исто така, тврди дека вооружените сили на земјите од НАТО мора да бидат уште подобро опремени за можни борбени операции против Русија, пренесува Спутник.
Претставничката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше оваа изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Сега нема сомнение кој е агресорот“, изјави таа.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција
Украина ќе увезува гас од Грција за да обезбеди снабдување со енергија за претстојната зима, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски, по средбата во Атина со грчкиот претседател Константинос Тасулас и премиерот Киријакос Мицотакис, изјави дека договорот ќе обезбеди уште еден пат за снабдување со гас со цел да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе.
Договорот ќе покрие речиси две милијарди евра потребни за увоз на гас за да се компензираат загубите во украинското производство предизвикани од руските напади, изјави украинскиот претседател, пренесува Политико.
Украина подготвува договор со Франција за зајакнување на борбената авијација, воздушната одбрана и другите одбранбени капацитети, изјави Зеленски.
Фото: принтскрин

