Свет
Пакистанските талибани убиле шест војници

Ва нападите на талибаните во понеделник наутро биле убиени шест војници, потврди пакистанската армија
Група вооружени исламистички милитанти извршила напад врз селото Тараваре, при што убила двајца, а ранила четворица војници. Пакистанските воени извори сметаа дека во престрелката биле убиени најмалку десет бунтовници.Во регионот Бајур, талибаните утрово нападнале контролен пункт на војската во селото Матаки, при што убиле четворица припадници на пакистанската армија.Во неделата талибанските водачи најавија дека ќе преземат терористички напади доколку војската не ја запре офанзивата против талибаните кои се помогнати од странски борци поврзани со Ал Каеда.Пакистанската армија во провинцијата Јужен Вазиристан, на северозапад од државата долж границата со Авганистан веќе една седмица спроведува офанзива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
АНСА ја открива можната причина за смртта на папата

Мозочното крварење е можната причина за смртта на папата Франциско, наместо респираторните проблеми кои произлегуваат од неговата неодамнешна пневмонија опасна по живот, објави АНСА, повикувајќи се на добро информирани извори. Според она што го дознава АНСА, мозочното крварење е можна причина за смртта на Франциско.
Неговата смрт настапила ненадејно утрово во 7 часот и 35 минути и, како што се наведува, не била директно поврзана со болести на респираторниот систем. Мозочното крварење е всушност полоша и посмртоносна варијанта на мозочен удар.
Папата Франциско, кој почина денеска на 88-годишна возраст, како млад бил подложен на тешка операција за отстранување на дел од белите дробови. Со текот на годините често се соочувал со респираторни проблеми, меѓу кои и бронхитис, поради што неколку пати бил хоспитализиран.
Регион
Пленковиќ: Моето семејство е длабоко трогнато од фактот што се сретнавме со папата во неговите последни часови

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ упати сочувство по повод смртта на светиот отец Франциско до кардиналот Кевин Фарел, Камерленго на Светата Римска црква.
„Во името на Владата на Република Хрватска и во мое лично име, изразувам длабоко и искрено сочувство за смртта на Светиот Отец Франциско, чиј животен и духовен пат оставија неизбришлива трага во современиот свет.
Хрватскиот народ, кој чувствува блискост и длабока почит кон папата Франциско од самиот почеток на неговиот понтификат, денес жали за загубата на човекот со вера, едноставност, понизност и сила.
Тој остави длабока трага не само на Католичката црква, туку и на меѓународната заедница. Неговиот постојан повик за солидарност, милост и блискост со исклучените, заборавените, сиромашните и болните инспирираше и поттикна милиони луѓе ширум светот на акција.
Имав особена чест да се сретнам лично со Светиот Отец вчера на Велигден, во Неговите последни часови, заедно со мојата сопруга и нашите три деца. Тоа беше краток, но длабоко трогателен момент – средба исполнета со добрина, насмевки и благослови кои ќе останат трајно врежани во сеќавањето на целото мое семејство како скапоцен подарок во моментот на збогување.
Република Хрватска и хрватските верници остануваат благодарни за сè што беше и направи папата Франциско – за Црквата, за светот и за секој од нас“, напиша Пленковиќ.
Европа
Зеленски: На прекин на огнот ќе одговориме со прекин, а на напади со напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не била способна да одговори ниту на предлогот за 30-дневно примирје по Велигден, ниту на поограничената верзија на примирјето.
Тој истакна дека Русија речиси 3.000 пати го прекршила сопствениот прекин на огнот за време на Велигден.
„Овој ден не беше доволен за Москва да одговори ниту на предлогот за целосно 30-дневно примирје по Велигден, ниту на предлогот барем да се продолжи примирјето на небото, со воздржување од ракетни и беспилотни напади врз цивилната инфраструктура“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.
„Природата на украинските дејствија ќе остане симетрична: ние ќе одговориме на прекин на огнот со прекин на огнот, а на руските напади – со нашите сопствени, во одбрана. Дејствата секогаш зборуваат погласно од зборовите“, рече тој.