Свет
Уште еден напад врз висок офицер во Исламабад
Вооружени лица на мотори отвориле оган на автомобил на висок штабен офицер на пакистанската армија во центарот на главниот град Исламабад
Нема жртви и повредени во престрелката која се случила во густо населен станбен дел од Исламабад, а напаѓачите успеале да побегнат, изјавил за локалните медиуми претставник на пакистанската полиција Куршид Кан.„Двајца мажи на мотори отвориле оган врз автомобилот на штабниот офицер Вагара Ахмед, но тој не е погоден“, рекол Кан додавајќи дека и мајката на офицерот која била во автомобилот и возачот останале неповредени. Минатиот четврток во сличен напад беа убиени штабен офицер, помошник на силите на Обединетите нации во Судан, и неговиот возач.За овие напади досега никој не ја има преземено одговорноста, но пакистанската полиција ги припишува како составен дел од бранот терористички акти од кои најкрвав беше нападот на штабот на армијата во Равалпинди на 10 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

