Свет
Обама не брза со одлуката за дополнителни трупи во Авганистан
Претседателот на САД, Барак Обама, не брза со одлуката за праќање на дополнителни трупи во Авганистан, иако голем број од опозиционите политичари го обвинуваат за колебливост
„Не сакам да ги ризикувам вашите животи освен ако тоа не е навистина потребно“, изјавил Обама во синоќешниот говор во американската морнарица во Џексонвил, изразувајќи им сочуство на семејствата на 14 Американци кои вчера загинаа во Авганистан.
Портпаролот на Белата Куќа, Роберт Гибс, изјавил дека одлуката за праќање на дополнителни трупи во Авганистан, претседателот ќе ја донесе во текот на наредната недела.
Претседателот на САД го прегледува предлогот на врховниот командант на американската војска во Авганистан, Стенли Мекристал, кој бара 40.000 дополнителни војници во Авганистан.
Обама на маринците им порача дека тие „заслужиле стратегија, јасна мисија, одредени цели и неопходна поддршка“ истакнувајќи дека не сака ситуација во која војската на терен нема да биде подржана од државата.
Последните истражувања на јавното мислење во САД покажале пад на поддршката на американската војска во Авганистан, а демократската партија на претседателот Обама исто така е јасно поделена по ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

