Свет
Кина егзекутираше двајца тибетски активисти
Две лица се егзекутирани во Кина, откако беа осудени за учество во манатогодишните немири во Тибет, потврди кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува Reuters
Тибетските активисти за автономија на Тибет и ослободување од киенската управа на планински регион во границите на западна Кина, во понеделник соопшти дека Лобсан Гијлцен и Лојак (Тибетанците понекогаш користат само едно име) биле ликвидирани по обвинение дека подметнале пожар при немирите во главниот провинциски град Ласа, во март минатата година. Тибетски протестите предводени од будистичките свештеници против кинеското владеење избувнаа на 14 март 2008 г., беа проследени и со вандализам при што имаше и многу повредени Кинези. Во немирти загинаа најмалку 19 лица, според податоците на кинеските власти, што предизвика големи протести низ тибетските области. Тибетски активисти во егзил тврдат дека биел убиени повеќе од 200 лица. Ма Жаоксу, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, не дал никакви појаснувања за егзекуциите, само потврдил дека тие се поврзани, како што рекол – со ланското насилство во Ласа. Притоа го обвинил тибетскиот духовен водач во егзил Далај Лама дека има вина и одговорноста за насилствата и жртвите. „При процедурата правата на обвинетите беа целосно почитувани. За двајцата криминалци кои беа егзекутирани, правдата беше строго спроведена и при првата и при втората постапка која беше и пред Врховниот народен суд“, изјавил Ма на прес-конференција. Минатата седмица петстотини Тибетанците, повеќето будистички монаси и монахињи, изведоа протестен марш низ градот Дарамсала во северна Индија, каде што е сместена тибетската влада во егзил, демонстррирајќи врз насилството и убиствата што кинеските власти го извршиле при четирите протести на Тибетанците минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

