Свет
Заради метеоритот во Латвија казнет мобилен оператор
Латвискиот мобилен оператор Тele2 ќе биде казнет заради измислувањето на сторијата за ударот на метеорит во северниот дел од државата, јавија тамошните меидуми
Ова го соопштила министерката за внатрешни работи Линда Мурниеце, која овој пропаганден трик го нарекла најобична будалаштина со која биле понижени и посрамотени службите за вонредни состојби на Латвија.„Компанијата ќе добие сметка за трошоците кои заради оваа ’гадост’ ги имаше државата, а дали ќе има и покренување на обвинение против неа ќе биде дополнително одлучено“, изјавила министерката.Латвиската пустелија во понеделникот стана центар на вниманието на светските агенции, откако беше известено дека во текот на ноќта паднал голем метеорит кој направил кратер од двaесетина метри и длабок пет метри. На местото пристигнаа противпожарни екипи, припадници на војската, цели тимови научници и многу новинари и сниматели. Дури доцна вечерта компанијата Tele2 призна дека целата приказна е подметнување заради медиумско внимание.„Шегата требаше да ја вдахнови Латвија и да понуди други вести од неа, а не само за стопанската криза од која е зафатена“, изјавил портпаролот на компанијата. Јанис Спрогис.Во понеделник претпладне руската новинска агенција ИТАР-ТААС пренесе мислење а двајца латвиски стручњаци го од стручен аспект објаснија дека не може да станува збор за пад на метеорит, туку за нешто што исценирано од човек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

