Свет
Пакистан:91 жртва и повеќе од 200 повредени во денешната експлозија
Во нападот кој денеска се случи во Пакистан бројката мртви постојано се зголемува и според последните податоци пронајдени се 91 загинат и повеќе од 200 повредени
Бомбашкиот напад се случил денес во пакистанскиот град Пешавар со автомобил-бомба кој бил паркиран недалеку од пазар каде се продавале производи за жени и уништил многу од околните куќи, една џамија, а една зграда е во пламен.
Пакистанската влада за нападот ги обвинила екстремистите кои според нејзините тврдења сакаат да се одмаздат за војните офанзиви на Пакистан против Ал Каеда и талибанците, недалеку од границата со Авганистан.
Меѓутоа, до сега ниту една група не преземала одговорност за бомбашкиот напад во Пешавар, но тоа, според аналитичарите, не претставува ништо необично кога станува збор за жртви-пакистански цивили.
Пешавар е град кој се наоѓа на границата со племенските зони кои се седиште на талибаните и екстремистите од Ал Каеда. Во последните четири месеци во Пешавар се случиле вкупно 7 напади.
Во тој град овој месец се случиле три експлозии од кои во една загинале повеќе од 50 луѓе.
Талибаните го предупредиле Пакистан дека ќе се случат уште повеќе напади, доколку војската не ја зацврсти офанзивата во Јужен Вазиристан, во кој учествуваат околу 30.000 војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

