Свет
Мемоарите кои ќе го разоткријат холокаустот
Иако имал илајдници милионски понуди, Фриц Даргес до смртта му останал верен не неговиот фирер Хитлер
Точно пред седум дена на 96 годишна возраст починал аѓутантот на Адолф Хитлер, Фриц Даргес, а светската јавност очекува дека спoред волјата во неговиот тестамент, дека конечно по неговата смрт ќе може да ги чита неговите мемоари, пишува Telegraph.Даргес повеќе од четрии години бил во најтесното окружување на фирерот и ги знаел најголемите тајни на Вториот рајх. Историчарите сметаат дека со објавувањето на неговите сеќавања, конечно со сигурност ќе може да се каже дека точно Хитлер го почна „Конечното решение“ за еврејското прашање, а не дека конамдантот на СС Хајнрих Химлер без негово знаење, според некои ревизиониситчки теории. Имено некои историчари повикувајќи се на дневниците на лица од самиот вр на Рајхот, како од министерот за вооружување Алберт Шпер и министерот за пропагнада Јозеф Гебелс, каде не може да се збаележи дирејтканта поврзаноста на Хитлер со директна наредба за погромот на шест милиони Евреи. Од друга стрна, малку е веројатно таква голема работа да се случувала без знаење на неприкосновениот диктатор. Даргес иако учел за трговија, во 1933 г. се приклучил на СС, а во 1936 г. станува личен аѓутант, прво на најдоверливиот секретар на Хитлер, Мартин Борман, а во 194о г. станува аѓутант на фирерот. „Со Хитлер се сретнав во Нирнберг на партиски собир во 1934 г.. Тој за мене имаше симпатичен изглед и топло срце“, рекол Даргес во интервју за германскиои локален весник непосредно пред смртта во неговито дом во Целе. Стана пот-полковник одликуван со крст од витешшкито ред, а најголемито дел по 1942 г. го минувал во резиденцијата на Хитлед „Волчја јама“ Растенбург во Источна Прусија или во планинското градче Бергхоф во Баварија.„Како аѓутант јас бев одговорен за неговата секојдневна активност. Секогаш бев до него, на секоја конференција, на секој поединечен состанок, на сите средби каде се правеше стратегијата“, рекол Даргес пред смртта додавајќи дека бил обмземен од генијалноста на Хитлер.Но Хитлер својот најблизок аѓутант во бес го испратил на Источниот фронт откако Даргес веднаш по атентатот во Растембург по една негова забелешка кога фирерот бил изнервиран. Тој по војната работел како успешен продавач на автомобили и честопати изјавуваше дека доколку би му било понудено, повторно би му служел на Хитлер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

