Свет
Медиумите ќе ги наплаќаат содржините преку интернет!?

Седумдесет отсто електронски издавачи на весници и списанија како и телевизиски компании во Велика Британија веќе наплаќаат он-лајн содржини или планираат тоа да го прават, покажа анкетата која ја спроведе Асоцијацијата на Интернет-издавачите
Истражувањето е спроведено во електронските сектори на 28 медиумски компании, се наведува во најновиот билтен на Европскиот сојуз на новинарските агенции.Дваесет и шест отсто анкетирани изјавиле дека ќе ги наплатуваат специјалните извештаи и апликации кои можат да се преземат, 16 отсто дека ќе наплатуваат за користење на архивата, а 16 проценти дека ќе ги наплатуваат содржините прилагодени на мобилните телефони. Триесет и три отсто најавиле дека ќе воведат некој облик на микро плаќања.На прашањето кој дистрибутивен канал ќе добие на значење во текот на наредните 12 месеци, 69 отсто анкетирани ги навеле мобилните телефони. Педесет и седум отсто анкетирани медиумски компании веќе ја објавиле веста преку Твитер, 48 отсто преку Фејсбук, а 45 отсто преку Јутјуб.Директорот на „Фајненшл тајмс“ Џон Рајдинг уверен е дека читателите ќе „бидат подготвени да платат добро новинарство“. Во интервју за весникот „Гардијан“ тој нагласил дека весниците можат и треба да најдат начин да ги наплатуваат содржините објавени преку Интернет доколку сакаат да ја заштитат иднината на новинарството.Според него, секој треба да се однесува согласно со своите потреби, затоа што „еден пристап не може да обедини се“.Директорот на „Фајненшл тајмс“ исто така, верува дека микро плаќањето е една од можностите која може да биде дополнителна претплата, а некои содржини и натаму треба да бидат достапни бесплатно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најмалку 57 лица, главно деца, починаа од глад во Газа

Најмалку 57 лица, главно деца, починаа од глад во Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива на 7 октомври 2023 година, изјави денеска директорот на теренските болници во Газа, Марван ал-Хамс.
„Бројот на смртни случаи поврзани со неисхранетост продолжува да расте поради тековната израелска блокада и речиси колапсот на здравствениот сектор“, рече Ал-Хамс.
Тој истакна дека мнозинството жители страдаат од анемија поради лоша исхрана и недостиг на основни залихи на храна, а теренските болници се сведоци на зголемен број случаи на анемија кај дарителите на крв, што ги попречува службите за Итна медицинска помош.
Ал-Хамс, исто така, предупреди дека пациентите со хронични заболувања, вклучувајќи рак и откажување на бубрезите, „умираат тивко“ поради недостиг на третман и специјализирана грижа.
„Повредените и хронично болните имаат потреба од итна грижа што повеќе не можеме да ја обезбедиме“, рече Ал-Хамс, истакнувајќи дека само неколку теренски болници сè уште работат, главно управувани од волонтери.
Регион
Претседателот Вучиќ го хоспитализирале поради висок притисок и болка во градите

Кардиологот, бригадниот генерал Драган Динчиќ, кој, според него, долги години учествува во лекувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот претходник Борис Тадиќ, изјави дека Вучиќ ненадејно се вратил од САД бидејќи почувствувал силна болка во градите која траела неколку секунди, како што рекол самиот Вучиќ.
Меѓутоа, како што рекле другите присутни во тој момент, според Динчиќ, таа болка траела нешто подолго. Според Динчиќ, болката е поврзана со високиот крвен притисок на Вучиќ, кој 45 минути по земањето на терапијата изнесувал 165/98.
Кардиологот Динчиќ оценил дека притисокот пред терапијата веројатно бил многу поголем.
Наведе и дека во последните повеќе од 10 години, во три наврати, Вучиќ имал слични заболувања кои најчесто се поврзани со екстремно високи вредности на крвниот притисок.
Претседателот си ја зеде дополнителната терапија, која беше доста интензивна, а по 45 минути, кога пристигна тимот лекари од САД, измерените вредности на крвниот притисок беа 165/98, што јасно покажува дека притисокот пред да се земе терапијата бил значително поголем отколку во моментот на мерењето. При прегледот во ВМА каде што пристигна денеска околу 13 часот, немаше проблеми и се чувствуваше добро – изјави Динчиќ.
Тој рече и дека по потребните прегледи и анализи, Конзилиумот на лекари на ВМА констатирал дека моменталната здравствена состојба на Вучиќ е стабилна и задоволителна.
Регион
Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето во Белград, објави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.
Таа изјави дека здравствената состојба на шефот на државата Александар Вучиќ, кој го прекина престојот во Флорида и попладнево се врати во Белград, е сериозно нарушена.
Вучиќ бил примен на Военомедицинската академија, каде што го пречекале министерот за здравство Златибор Лончар и Драган Динчиќ, поранешен лекар на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, објави „Блиц“.
Ана Брнабиќ изјави дека била планирана средба меѓу Вучиќ и американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида.