Свет
Осудени сопружниците кубански шпионири во САД
Волтер Мајерс (72) и неговата сопруга Гвендолин Мајерс (71) признаа дека се виновни за шпионажа во полза на Куба, пренесе Reuters
Волтер Мајерс е поранешен служебеник на Стејт- департментот и имал пристап до тајни документи. ВолтерТој соработувал со кубанските власти од 1979 г. се’ до оставката во Стејт-департментот во 2007 г.. Тој признал дека е виновен за заговор со цел шпионажа. Волтер Мајерс се соочува со можна доживотна казна затвор. Неговата сопруга признала дека е виновна за заговор со цел прибирање и предавање информации на Куба, кои се однесувале на националната одбрана на САД. Неговата сопруга Гвенделин Мајерс може да биде осудена на шест до седумипол години затвор.Сопружницит, исто така, на државата треба да и вратат 1,7 милиони долари. сумата која Волтер ја заработил во Стејт-департментот за периодот од 1983 до 2007 г.Двојката Мајерс беше уапсена на 6-ти јуни, по меколкугодишна истрага на Федералното истражно биро. Пензионираниот службеник на Стејт-департментот и неговата сопруга беа уапсени под обвинение дека триесет години шпионирале за Куба, а безбедносните тајни кои ги издавале на комунистичкиот режим во Хавана се карактеризирани како многу сериозниВо обвинението кое било соопштено во петокот, е наведено дека 72-годишниот Валтер Кендл Мајерс постојано се инволвирал се’ подлабоко во безбедносните активности на Стејт-департментот. Тој со во содејство со сопругата, 71-годишната банкараска службеничка Гвендолин Штајнграбер Мајерс, воспоставил шпионска соработка која имала голема важност за Куба. Податоците што ги издавале биле толку вредни, што еднаш дури имале и четиричасовен приватен состанок со комунистичкиот лидер на Куба, Фидел Кастро.Валтер се вработил во Стејт-департментот на одредено време во 1977 г. а од 1985 г. бил вработен на недодредено, а има податоци дека еден период работел како постар аналитичар во разузнавачки материјали за европските работи. Се претпоставува дека тој успеал да изнесе повеќе од 200 документи со изнаката „Врвна тајна“.Филип Кроули, портпаролот на Стејт-департментот изјави дека апсењето е изведено по тригодишна истрага на FBI, а дека државнаат секретарка Хилари Клинтон наредила сеопфатна проеценка на штетите сторени по американската безбедност со дејноста на сопружниците Мајерс. Помошникот министер за правосудст за национална безбеднсот, Дејвид Крис, пак, шпионската дејност ја карактеризирал како извонредно сериозни.Документацијата од процесот покажувала дека брачната двојка добила малку пари, туку дека повеќе станува збор за нивна љубов кон Куба, Кастро и воопшто комунистичкиот режим, пишуваат американските медиуми. Исто така, истрагат забележала и дека методата на нивната шпионка активност се менивале со времето, од пораки со радио-врска и морзеаовата азбука, до хартија со невидливо мастило, до електронски пораки испраќани од интернет-кафеа во 2007 г, кога Валтер се пензионирал. Интересно е што развојот на техннологијата во текот на трите децении ја предомислиле Гвендолин да ја самени вообичаениот метод на кој им пренесувала информации на Кубанците, со замена на колички за пазарење во супермаркетите.Американските аналитичари напоменуваат дека овој шпионски случај се отвора во времето кога американскиот претседател Барак Обама најави нов пoчеток на односите со Куба по 47-годишното ембарго што го наметнаа САД за тамошниот комунистички режим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.