Свет
Одложени повеќепартиските избори во Судан
Првите повеќепартиски избори во Судан во последните 24 години, ќе бидат одложени за шест дена, соопштија надлежните вчера, пренесуваат светските агенции
Надлежните за спроведување на изборите имаат големи предизвици со логистиката, при одржувањето на првите повеќепартиски избори во Судан по 24 години.
Изборите наместо да се одржат на 5 април, сега се одложени за 11 април 2010 година, соопшти Комисијата за избори, пренесува државната агенција Суна.Суданската национална изборна комисија објаснува дека пролонгирањето на рокот за одржување на изборите се случува поради продолжената регистрација на сите гласачи во најголемата африканска држава. До сега, првите повеќепартиски избори во Судан се одложувани два пати од почетниот датум во јуни оваа година, што беше востановено со мировниот договор од 2005 година, што го означи крајот на дводецениската граѓанска војна меѓу северниот и јужниот дел на Судан. Секое понатамошно одложување нема да биде можно, сметаат неколку партии во Судан, поради периодот на дождови, што настапува кон крајот на април, при што некои делови од земјата стануваат потполно непристапни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

