Свет
„Гардијан“: САД ангажираат паравоени групи во Авганистан за борба против талибанците
Американските специјални сили ги поддржуваат паравоените групации, кои се борат против талибанците во 14 области во Авганистан, пишува британскиот весник „Гардијан“
Оваа поддршка била дел од тајната програма, која, како што додава весникот, според некои експерти можела да стане причина за долгорочна нестабилност во Авганистан.Програмата наречена Иницијативата за заштита на заедниците ја имала поддршката од главниот командант на силите на САД и на НАТО во Авганистан, генералот Стенли Меккристал, но деталите од програмата се чувале во тајност од сојузниците на САД, кои, како што пишува „Гардијан“, можеби ќе имале одредени забелешки.Весникот додава дека обидот да бидат создадени т.н. гнезда на племенски отпор против талибанците вклучувало поврзување на американските специјални единици со вооружени групи, па дури и со одметнати бунтовници, кои добивале поддршка и обука.Паравоените формации имале задача да ја стабилизираат ситуацијата во одделни области, но тие, додава „Гардијан“, сепак не добивале оружје. Нивната цел била да им помогнат на авганистанските сили за безбедност и на единиците на НАТО.Специјалните единици ќе имале пристап до паричен фонд на американската армија со цел да го финансираат овој проект.Повеќе експерти, меѓутоа биле вознемирени од можните последици, кои може да ги има поддршката на тие воени групи, откако меѓународната заедница потрошила милијарди долари за да ги разоружа нелегалните милиции по соборување на талибанскиот режим во 2001 година.Според некои експерти САД ризикувале да ја загубат контролата врз групациите, кои во минатото ограбувале продавници и поставувале незаконски контролни пунктови.Друга причина за несогласување со оваа програма, пишува „Гардијан“ било и вклучувањето на Ариф Нурзаи, авганистански политичар од провинцијата Хелманд во неа, поради големата недоверба што меѓународната заедница ја има во него.„Иако многу западни политичари сакаат да го турнат Нурзаи настрана и да им дадат предност на авганистанската армија и на полиција, во пресрет на претседателските избори тој успеа да собере 12.500 доброволци за паравоени групи во 22 провинции, и дел од милициите, предвидени со програмата, ќе се пополнат токму со овие вооружени луѓе“, пишува „Гардијан“.Според некои западни претставници, САД за реализирање на оваа програма ќе одвојат 1,3 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

