Свет
САД во Копенхаген ќе ги предложи целите на ограничена емисија на гасови
Вашингтон најави дека на самитот за климатските промени ќе ги предложи целите на неговата администрација за ограничување на емисијата на штетните гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина
Со ова американскиот претседател Барак Обама сака да ја избрише најголемата пречка за постигнување политички договор на самитот во Копенхаген. Овие цели Обама ќе ги претстави пред почетокот на самитот, најави Белата куќа во понеделникот. САД се една од големите индустријализирани држави кои досега не го објави својот план за ограничување на емисијата на т.н. стаклени гасови.На брифингот со американските новинари, неименуван висок службеник на администрацијата на Обама не изнел подробности од планот, но според предлог-законите кои се во ставени во процедура во Конгресот на САД, американските медиуми сметаат дека најверојатно предложените ограничувања се однесуваат на 2020 г., а се движат меѓу 17 и 20 отсто во однос на нивото на емисијата на овие гасови од 2005 г. Но тоа и натаму е далеку под ограничувањата што ги претпочитаат Европската Унија и другите високоиндустријализирани држави. Администрацијата на Обама и порано најави дека Конгресот пред самитот во Копенхаген ќе донесе закон за ограничување на јаглероддиоксидот, но кризата во стопанството ги фрустрираше мнозинските демократи да обезбедат доволна поддршка за законот, па и во сопствените редови.Како што им е кажано на новинарите, Обама исто така треба да реши и дали ќе им се придружи на другите претседатели и премиери од 65 држави на самитот во Копенхаген, на кој треба да се соберат околу десет илјади учесници.Објавувањето на овие планови би значело радикална пресвртница во досегашната политика на Белата куќа, кога станува збор за прашањето на количеството на емитирање на штетните гасови во атмосферата која досега не прифаќаше да преземе обврска за нивно намалување, иако САД и Кина се најголемите светски загадувачи.Инаку, во Сенатот засега се запрени сите обиди да се изгради консензус за законот за климатски промени, а најавено е дека тоа прашање нема да биде поставено пред февруари идната година. Наспроти САД, минатата седмица на самитот ЕУ-Русија беше нагласено единството и надминувањето на спорните прашања, а двете страни меѓусебно си изразиле поддршка за прашањата од трговијата и климатските промени, објавија во заедничко соопштение.Европската Унија посакува руска поддршка за амбициозниот план против глобалното затоплување за кое во декември ќе стане збор на состанокот во Копенхаген под покровителство на Обединетите нации. Русија, пак, од ЕУ бара поддршка за што побрзо нејзино примање во Светската трговска организација (СТО).„Самитот ја потврди нашата заедничка цел, односно стратешко партнерство изградено на доверба и транспарентност“, изјави шведскиот премиер Фредрик Реинфелд каде како претседавач со Унијата се одржи самитот. Рускиот претседател Дмитриј Медведев изразил задоволство од разговорите, оценувајќи ги како конструктивни и „без емоции“ кои би и’ попречувале на заедничката соработка.Како што изјавиле првите луѓе на ЕУ, Медведев ветил дека до 2020 г., Русија ќе го намали емитувањето на штетните гасови за 20 до 25 отсто под нивото од 1990 г.Како што забележуваат медиумите, тоа е десет отсто од претходната руска понуда, со која Русија ги усогласи ставовите со ЕУ, каде оценуваат дека тоа претставува важен момент при разговорите во Копенхаген, особено со другите важни држави, како што се САД и Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.