Свет
Уште еден скандал на парагвајскиот претседател, поранешен бискуп
Парагвајскиот претседател Фернандо Луго кој предизвика скандал признавајќи дека е татко не двегодишно дете, па потоа и повикан на ДНК-тестирање за татковство на друго дете, продолжува со скандали по обвинението дека е татко на 19-годишна девојка
Во вторникот поранешниот католичкиот бискуп обврзан на целибат, сега претседател на Парагвај, Фернандо Луго, е обвинет од негова внука дека е татко на нејзината 19-годишна ќерка.Мирта Маидана Луго е ќерка на претседателовата сестра Мерцедес Луго, која всушност ја има улогата на прва дама во државата, тврди дека Фатима Рохас која беше непозната за јавноста до нејзината венчавка во саботата проследена со голема помпа на која присуствувал и самиот претседател, е всушност негова ќерка.„Сите во семејството знаевме дека Фатима е ќерка на вујко Нони. Нека се согласи на ДНК-анализа. Ако тоа не е негова ќерка, нека ме осудат за келвета“, изјавила Мирта Маидана Луго за локалното радио 9.70 АМ. Весникот ABC, пак, пишува дека мажот на Фатима Рохас пред два месеца бил именуван на висока функција во државната компанија на Парагвај која заедно со Аргентина управува со хидроцентралата Јакирета.Сенаторот Сиксто Переира, кој е поддржувач на претседателот, коментирал дека медиумите сакаат да го уништат Фенрандо Луго и неговата влада. Владини извори за весникот исто така тврдат дека обвинувањето од внуката е одговор на предлогот на претседателот за намалување на буџетот за канцеларијата на првата дама за 2010 г. Луго на 13-ти април годинава призна дека е татко на синот на 25-годишната Вивиен Кариљо, што предизвика огромен скандал во државата во која 90 отсто од населението се католички верници. Пред судот се поднесени и две барања за признавање на татковство кои против Луго ги поднесле 27-годишната Бениње Легуизамон, поранешна собарка во бискупијата Сан Педро каде Луго беше бискуп пред да стане претседател, и на 39-годишната Хортензија Дамиана Моран која како верски активист била ангажирана во предизборната претседателска кампања на Луго, чии синови имаат шест и две години. Случајот на Легуизамон е блокиран бидејќи Луго одбива да даде крв за ДНК-анализа надвор од главниот град, оправдувајќи се дека тоа не му го дозволуваат претседателските обврски. Денеска Луго побарал од државниот обвинител да го одбие барањето на Моран за признавање на татковство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

