Свет
Маринците заземаа територија на талибаните
Само неколку дена откако Обама ја изложи својата нова стратегија за Авганистан со која најави ангажирање на дополнителни 30 илјади војници, американските маринци почнаа со офанзивата „Гневот на кобрата“
Во оваа операција кој апочна во петок навечер, 900 маринци и припадници на други родови на морнарицата, извршиле воздушен десант зад првите талибански линии, во севернито дел од долината Ноув Зад во провинцијата Хелманд, која се смета за главното место од кое се дистрибуира опиумот во светот.Во утринските борби во сабота наутро, според соопштението на командата на маринците, биле убиени повеќе милитанти и запленетоодредено количество тешко вооружување. Основната цел на операцијата е да се спречи ефективното управување на талибаните со провинцијата, кои во досегашните осум години војна во Авганситан претставува нивен најсилен бастион. Британците првпат влегоа во Хелманд во 2006 г. но досега не е псотигнат особен успех во борбите со тамошните талибани. За последните три години, од провинцијата се иселиле најмалку 30 илајди луѓе, а воени извори ја опишуваат како голема урнатина. Маринците имаат главна улога во новата стратегија на американскиот претседател Барак Обама. Девет илјади маринци ќе почнат да пристигнуваат во авганситан за десетина дена а нивната стратегија ќе биде водење секавични акции против талибаните за да се оневозможи нивното функционирање на досегашниот начин.Годинешниве напади на странските војници врз талибаните најугот од земјата, успеаја само да ги предизвикаат одмаздничките акции во другите делови од Авганистан со што 2009 г. стана насмртоносна за трупите на НАТО откако од 2001 г. се води војната во оваа држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

